16:52 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Следува голема промена на времето! Внимавајте!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени.

Попоски предупредува дека од утре попладне па во следните неколку денови кај нас ќе настапи ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето. Облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и во следните денови ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

– И во Скопскиот регион од утре попладне па во следните неколку денови ќе има повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат до околу 22 степени, објаснува Попоски.

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.
Се вчитува....