04:45 - 12 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Од Сахара пристигнува прашина и песок, времето – мачно!

СЕ ОЧЕКУВА СИЛНО ЈУГОЗАПАДНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ. ОД САХАРА ЌЕ ПРИСТИГНЕ ПРАШИНА И ПЕСОК. ЗА ВИКЕНДОТ ПРОМЕНА, предупредува Славчо Попоски.

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, објаснува метео прогнозерот Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.

– Потоа, од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Услови за локална нестабилност ќе има и во скопскиот регион за време на викендот, вели метео прогнозерот Попоски.

Температурите и понатаму остануваат високи и над просекот за овој дел од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент (6).

НАПОМЕНА: Поради изразеното југозападно воздушно струење, од утре во нашата држава ќе стигне прашина и песок од Сахара, со што и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде релативно спарно и мачно.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....