6.8 C
Скопје
09:49 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НИ НОСИ УБАВИ ВЕСТИ: Сончеви денови, топла воздушна маса од југ! Еве од кога и до кога ќе не грее сонце!

– Како што веќе најавивме, од утре па натаму ќе имаме МНОГУ ПОВЕЌЕ сончеви периоди, односно времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а само уште утре и тоа особено во планинските региони ќе има нешто повеќе облачност и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и тоа поради влијанието на уште потопла воздушна маса од југ, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

И во Скопскиот регион од утре па натаму ќе има многу повеќе сончеви периоди, додека температурата ќе се искачува до околу 17 степени.

Сепак наутро и тоа поради релативно тивкото време, но и поради големата влага во воздухот ќе се создаваат услови за појава на магла по котлините и по речните долини, а нова промена на времето која ќе донесе нови врнежи, како и пад на температурите на воздухот се очекува за време на следниот викенд.

Заклучок на сето ова: Со оглед на тоа дека пред нас се неколку убави и топли денови, искористете ги истите за прошетка во природа, или пак за правење на зимница и тоа доколку истата сеуште ја немате направено, заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....