19:22 - 2 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ви треба ли утре чадор?

– Под влијание на ПОГОЛЕМ влажен бран, утре и во вторник времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Поради спуштање на студена воздушна маса од север, во текот на утрешната ноќ, како и во вторник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на повисоките места, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Има услови снежна покривка да се формира и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека во вторник температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени.
Според Попоски, потоа, во среда ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Поради разведрувањето утрото ќе биде СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени. Нов влажен бран од запад се очекува веќе од четврток навечер и во текот на ноќта кон петок.

И во Скопје понатаму, односно утре и во вторник ќе има нови врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во вторник услови за снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени. Повеќе сонце во Скопје исто така ќе има во среда.

Слични објави

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Еспресо

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.
Се вчитува....