13:16 - 12 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Пак, сонце! Па, пак снег, еве точно кога!

– Утре времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена локална облачност. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Наутро ќе биде студено и минималната температура се очекува да се спушти до околу -2, -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, потоа под влијание на нов влажен бран, во петок како и за време на викендот ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. Нешто пониски температури повторно ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....