22:56 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивен влажен бран, еве точно кога!

– Претежно облачно со повремен локален дожд и со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и релативно суво, иако и тоа особено во јужните и во југоисточните предели е можен сосема слаб и локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 13 степени.

Поинтензивен влажен бран кој на повеќе места ќе услови поинтензивни врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок, но и за време на викендот кога на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Исто така во петок, како и за време на викендот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додава метео прогнозерот Попоски.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....