16:54 - 3 април, 2026

(РАЗГОВОР) ИВАНА 22 ЧАСА БОСА ГО ИСКАЧУВАШЕ ВОДНО: Газете боси колку што можете повеќе!

Со текот на времето го имаме изгубено чувството за природното, сè повеќе сме зависни од чевли, патики, од марки, од брендови, од материјалните нешта. Но контактот со природата е многу важен за баланс на сопственото тело и организам, вели Ивана Јовановска во разговорот за Еспресо.мк

Сакав да упатам апел до сите луѓе што немаат време да ѝ посветат на природата, дека таа е толку важна, општо, за секојдневието и за здравјето пред сè, фото приватна архива

Се случи и тоа една девојка боса да помине 9.000+ метри висинска разлика на Водно. Покрај неа успеа и најмладиот досега Македонец да ја искачи истата висинска разлика од 9000+ метри.

– Го направив тоа со една голема цел, всушност сакав да упатам апел до сите луѓе што немаат време да посветат на природата, дека таа е толку важна, општо, за секојдневието и за здравјето пред сè. Сакав да упатам апел дека сите треба тоа да го прават, да газат боси колку што можат повеќе – вели Ивана.

По неспиени 22 часа, искачени 9.600 метри надморска висина и поминати 42 км на Водно, младите скопјани Ивана Јовановска и Јован Димовски успешно го завршија предизвикот Еверестинг челинџ. Двајцата се членови на најбројниот Планинарски клуб „I love hiking Macedonia“.

– Со текот на времето го имаме изгубено чувството за природното, сè повеќе сме зависни од чевли, патики, од марки, од брендови, од материјалните нешта. Но контактот со природата е многу важен за баланс на сопственото тело и организам. Сведоци сме на живот со брзо темпо, младите генерации не го ни знаат тоа, затоа сакав да докажам дека штом јас можам да качам 9.600 метри надморска височина, секој може еден час во денот да планинари или да пешачи – ни објаснува Ивана.

Дополнителен предизвик за Ивана беше што целиот пат го изоде боса, со што им упати порака на граѓаните да се грижат за своето здравје. Таа од сопствено искуство и надминување на здравствените проблеми со одењето боса вели дека одење боси еден час во денот, може многу да ви помогне.

фото приватна архива

– Чувствуваш многу голема сила и енергија после тоа, го чувствуваш заземнувањето, празнењето на негативната енергија. Земјата ни дава природна енергија и тоа треба да го примиме. Кога ќе го направиш тоа еднаш, двапати, трипати, ќе почувствуваш зајакнување на нозете, лигаментите, зглобовите, мускулите, се зајакнува телото, а ти си попозитивен, енергичен – открива Ивана.

Целта на Еверестинг е побудување на свеста кај жителите на Македонија за здравиот начин на живот и можноста за спорт, која ја нуди околината во надворешни услови. Еверестинг е искачување на висинска разлика од 8.848 метри во местото каде што живееш и искачувањето е колку највисокиот врв на светот, Еверест.

– Кога завршивме, јас се чувствував како да не биле тие 21 пат искачувања, имав уште сила, нормално имав мала болка на стапалата и зглобовите, затоа што се искачуваш по карпи, одевме по Цветкова патека, која е прилично стрмна и има камења. Но, јас долго време го одев тој пат, може цела година, и знаев каде точно се наоѓа секое камче, карпа. На крај имав уште сила. Се двоумевме само дали тие 20 пати искачување се доволни да ја достигнеме висината од 8.848 метри, па на крај решивме да се искачиме уште еднаш за да бидеме на чисто, и според пресметките искачивме 9.600 метри надморска висина – се смее Ивана и додава дека повторно би го направила тој предизвик.

Можеби не можеме сите да се искачиме до највисокиот врв на светот Еверест 8.848 метри, но можеме да се движиме од местото каде што живееме до некој висок врв. Сè ова е со цел за да се сврти вниманието на луѓето кон нивното здравје и сè што може да поднесе и да направи еден човечки организам.

 

 

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....