5.8 C
Скопје
01:21 - 25 март, 2026

НЕДЕЛНО УТРО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ВО ДВОРОТ НА МАХЕРКАТА ЗА КОРИ И ЦВЕЌИЊА: Олгица е чуварка на македонската гастрономија и градинарство!

Денес сме во скопската населба Ѓорче Петров, и уживаме во неделното утро во друштво на Олгица Јордановска, во нејзиниот двор кој се простира на 50 квадратни метри.

фото – приватна архива
Олгица е занаетчија, се занимава со производство и продажба на највкусното нешто – кори, јуфки, лазањи, кадаиф…
Прекрасно е да се зборува и на оваа тема со нашата цветна дама, зашто не се чести пригодите кога може да сретнете некој кој со толку страст ја чува македонската гастрономска традиција.
– Сега, поради коронакризата намалена е побарувачката бидејќи соработувам најмногу со ресторани и кетеринзи, – искрена е Олгица, но затоа пак, пред нас е сезоната на славите, а со тоа и сезоната на корите.
Ѝ посакуваме, од срце, да има полни раце работа!
Секако, преминуваме на нашата тема – дворчето.
Ја прашуваме, од кого ја наследила љубовта и мајсторството за одгледување цвеќе.
– Како тинејџерка, мајка ми ми ја всади љубовта кон одгледување цвеќиња, се сеќава Олгица.
И оттогаш таа љубов си трае и си трае…
Одговорноста за дворот да личи вака каков што е, раскошен и миризлив, сама си ја носи на свои „плеќи“. Но, кога нешто се сака, работата е задоволство.
Во дворот на Олгица доминираат сарделите, розите и ползавците. Неа пак, омилени ѝ се сокулентите, розите и сарделите.
Во текот на зимата, овие убавици се грижливо спастрени во домот, распоредени во собите, особено оние понежните, а еден дел пак, се згрижени во подрумот.
Совет од Олгица за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со градинарство и одгледување на цвеќиња?
– Јас почнав со сарделите, како едни од оние цвеќиња кои не бараат многу нега и искуство, па сарделите ги препорачувам за почетници, низ насмевка ни вели оваа позитивна цветна дама.
Инаку, Олгица е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....