11:45 - 6 април, 2026

(ФОТО) ВО ДВОРОТ НА ПЕНЗИОНЕРОТ ПАВЛЕ ЃОРГИЕВСКИ: Село Логовари може да се гордее со овој господин!

Денес разговараме со Светлана Котевска која ни раскажува цветна приказна за преубавиот двор на нејзиниот татко Павле Ѓоргиевски.

ФОТО приватна архива

Ѓоргиевски се занимава со одгледување цвеќе веќе цели 25 години.

– Низ долгогодишниот период освен што се занимава со продажба професионално, во пензионерските денови реши да го разубави дворчето мотивиран од Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО… – ни раскажува Светлана.

Ја прашуваме дали и таа ја наследила страста од татка си за цвеќињата и растенијата?

– Мојата страст кон цвеќињата е вродена, таа ме маѓепсала уште од мали нозе. Ги обожавам цвеќињата, краток период и се занимавав со цвеќарство и аранжман, ни одговара.

Во дворчето на Павле Ѓоргиевски доминираат хризантеми, бонбончиња, кавалер дама, сардели калиопа, ружи, кали, далии, пампас и многу други убавици.

Овој господин цвеќињата ги одгледува со голема љубов, па затоа и целодневниот ангажман околу нив за него не претставува никаков напор, туку задоволство.

Дворот се простира на околу 200 квадратни метри, а се наоѓа во с.Логовари, Битола.

Ја замолуваме Светлана да ни даде еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќина да почнат?

– Кога ќе го купите првото цвеќе после тоа не може да запрете, особено ако му пружите љубов тоа ќе ви возвраќа со цветање. Наједноставни за одледување се сарделите и хризантемите. Најголемиот предизвик е во тоа да успееш да ги размножиш и да гледаш како растат и цветаат, заклучува Светлана.

Инаку, Светлана Котевска (ќерка на Павле Ѓоргиевски) е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Во продолжение, уживајте во фотогалеријата од прекрасното дворче на Павле Ѓоргиевски.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....