3.8 C
Скопје
01:06 - 21 декември, 2024

(ФОТО+ВИДЕО) ЕЛЕНА ЈАНЕВСКА, БОДИАРТ УМЕТНИЦА: Сестра ми ми постави предизвик да се надминам самата себе и еве ме денес!

елена јаневска

Елена открива дека особено младитесе сè повеќе заинтересирани за тоа како таа ги изведува уметничките дела, но нема голем интерес од клиенти, затоа што нема каде да се покаже и презентира уметноста што ќе се изведе на нивното тело.

Талентираната скопјанка Елена Јаневска создава уметност од шминка, а нејзините „бодиарт“ креации привлекуваат внимание на социјалните мрежи.

Од кога те привлекува уметноста и од кога почна да се занимаваш со бодиарт (bodyart) како форма на уметност?

– Уште како дете знаев што сакам да бидам и целев кон тој пат и еве ме денес благодарение на бога сум таму каде што сакам. Co бодиарт започнав пред точно една година. Како козметичар работам веќе 15 години, а како шминкер 3 години. Мојата сестра Кате живее во Калифорнија и ja обожава Ноќта на вештерките. Таа ми прати слика да нацртам нешто за Ноќта на вештерките, а јас ѝ одговорив: „Не сум сигурна дали би можела да го изведам ова, јас не цртам на тело, на што денес сама си се смеам. Но, таа веруваше премногу во мене и ми одговори: „Знам дека можеш, дај си шанса и пробај!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makeup by Elena (@makeup.by.elena)

Колку време е потребно за креацијата да биде готова?

– Потребно време за изведба е од 4 до 8, 9 часа, зависно од цртежот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makeup by Elena (@makeup.by.elena)

Какви бои се употребуваат, шминка или нешто друго?

– За бодиарт може да се прават повеќе комбинации. Прво се користат специјални бои за цртање на тело, потоа може да се користат обични сенки за да се доистакнат некои бои каде што мислиме дека има потреба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makeup by Elena (@makeup.by.elena)

Дали лесно може да се погреши при цртањето и да не излезе онака како што си замислила? Пропаѓа ли тогаш целиот труд или има простор за корекција ?

– Секој жив човек прави грешки нели, па исто и ние, нормално. Вложувањето во себе, трудот и упорноста е најголем подарок што може да си го дадете на себе. Имам завршено пет курса и планирам да продолжам понатаму. Вложувањето во себе ќе ве научи како да се снајдете во тие дадени моменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makeup by Elena (@makeup.by.elena)

Како реагираат твоите следбеници на социјалните мрежи на секоја твоја нова креација?

– Почнав како мејкап артист,  никој не очекуваше од мене, а и самата јас дека ќе имам таков пресвт. Јас сум девојка која сама на себе си дава големи предизвици за да се надминам себеси. Имам многу голема подршка од сите, која премногу ми значи и среќна сум поради тоа. Сите имаат многу големи очекувања од мене за понатаму, па со господ напред ќе видиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makeup by Elena (@makeup.by.elena)

Од каде ја црпиш испирацијата?

– Испирација наоѓам од некоја фотографија која, од моја страна, ќе биде изменета во некои детали, или од некој предмет од кој ќе добијам идеја што можам да ја реализирам како круна и воедно добивам и испирација за цртежот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makeup by Elena (@makeup.by.elena)

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....