6.8 C
Скопје
09:09 - 1 април, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) Јованче – најмладиот љубител и колекционер на цвеќиња: Цвеќињата се синоним за среќа!

На наше задоволство и, секако, со дозвола од неговата мајка, Александра, денес разговараме со ученикот Јованче Трајков – страсен љубибител и колекционер на цвеќиња.

Да, добро прочитавте – Јованче е млад човек, а веќе искусен во негата на цвеќиња, зашто со нив се занимава од петгодишна возраст.

фото – приватна архива

– Цвеќињата ме прават многу среќен, за нив нема цена за која би можел да ги дадам или да ги продадам! – ни вели малиот господин.

Јованче е одговорен за дворот, верувале или не. Тоа го потврдува и неговата мајка, која му дава бескрајна поддршка.

– Ми помагаат и моите родители  за некои потешки работи околу дворот- искрен е Јованче и додава – се уште не е завршен со уредување нашиот двор, се уште се реновира и декорира, но се надевам дека до летотоќе биде уште поубав.

Дворот на Јованче е прилично голем, а се наоѓа во Свети Николе. Во дворот доминираат орхидеите, а Јованче меѓу цвеќињата е најмалку три до четири часа секојдневно.

– Орхидејата ми е омилено цвеќе, но и палмите со својот раскош. Навистина ме прават среќен! – вели Јованче.

Во зима сите цвеќиња се грижени и заштитени, внатре, во соба или во подрум, во топли простории богати со светлина.

Сакате совет од ова младо момченце за почетници во нега на цвеќиња?

– Оние кои сакаат да почнат со нега на цвеќе, треба тоа да го направат со надворешни цвеќиња како што се петуниите, сарделите, шеќерчињата, цунцулите и други разни убавици – смета Јованче.

Инаку, Јованче е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....