07:31 - 7 април, 2026

ФОТО СТОРИЈА: Четирите годишни времиња во дворот на Николина во Виница

Денес разговараме со Николина Колишева во нејзиниот преубав двор во Виница. Николина е пензионерка со инвалидска пензија, пред шест години оперирана од канцер на дојка. Оваа хероина денес е посветена на разубавување на дворот кој е вистинска релаксација и место за уживање.

фото-приватна архива

– Со одгледување на цвеќиња се занимавам од млади години – ни вели Николина која сама е одговорна за уредување на дворот кој го красат најразнолични цвеќиња, од сардели до азалеи и бегонии.

Наесен доминираат хризантемите, напролет лалето, зумбулите, нарцисите…, додека во текот на летото приматот го имаат кралиците  гладиоли, а в зиме цветаат љубичиците.

Во домот пак, на Николина, главниот збор го имаат орхидеите и домашните темјанушки.

– Ако се има љубов кон цвеќињата времето не се мери – вели Николина која со радост им посветува дел од денот на своите убавици, и додава дека сите цвеќиња ѝ се омилени и дека грижата за нив ја исполнува.

За да си љубител на цвеќиња треба да издоиш и пари и љубов – заклучува нашата цветна дама. 

Инаку, Николина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо
Се вчитува....