-0.2 C
Скопје
02:11 - 22 декември, 2024

(ФОТО) СОВРШЕНСТВО: Ирена Георгиева Атанасова нè научи да зготвиме зимница по старински рецепти, ммм…

Ирена Георгиева Атанасова по професија е воспитувачка. Со гастрономија се занимава веќе добри 40 години или, што се вели, од дете, кога ѕиркала бабите како сукаат, баби ѝ како прави кифлички, вкусни јадења, зимници и секогаш заедно со мајка ѝ помагала во сèнешто.

Традицијата на приготвување зимници се прнесувала од генерација на генерација.

– Љубовта кон храната и готвењето е многу одамна, и како што тоа се пренело на мојата мајка од мојата мајка, таа на мене, и сега е интересно што тоа се пренесува на мојата ќерка. Рецептите за зимницата се уште од мојата баба кои долги години ги правиме со мојата мајка и сè уште ги правиме, ни раскажува Ирена.

Потоа, ни открива кои намирници таа ги употребува и на кој начин таа го подготвува „по старински“ ова совршенство од зимница.

АЈВАР СО ВЕЗЕН ПИПЕР

5-6 кг везен пипер,

10-12 модри патлиџани.

Се печат во рерна, се мелат, потоа се пржат, се додава филџан шеќер, сол по вкус, половина литар масло, 1 филџан оцет и две лажици сенф.

ЦЕПКАН ПИПЕР

10 кг пипер

800 дл масло

300 гр шеќер

250 мл јаболков оцет (словенски)

Пиперот се пече, се лупи, се цепка без да се цеди. Течноста зоврива и во неа се става цепканиот пипер. Врие околу 20 минути. Се претура врело во врели тегли. Теглите стојат замоткани 24 часа.

ВИТАМИНИ ВО ТЕГЛА ЗА ДОЛГА ЗИМА – РУСКА САЛАТА (ТУРШИЈА)

1кг.краставици,

1кг.карфиол,

1кг.зелен пипер,

500гр.зелен патлиџан,

500гр.брокула,

1кг.морков,

1кг.зелка (се дроби ситно).

2л.и 250 мл.вода.

250мл.зејтин (по малку додека зоврие водата),

250 гр.шеќер,

250гр.сол,

1 л.оцет алкохолен.

Да проврие водата и се додава оцет, масло, сол, шеќер.Дробеното се става во голем лонец и се посипува со течноста откако малку ќе се олади. Се остава да отстои 24 часа, а потоа се собира.

 

Ние многу ја сакаме оваа витаминска туршија, преубава е!, вели Ирена.

 

 

Инаку, госпоѓа Георгиева Атанасова  освен љубов кон храната, гаи и голема љубов спрема децата, патувањата и фотографиите. 

– Кога ја открив групата ЗДРАВА ХРАНА МК ВЕРЗИЈА бев пресреќна бидеејќи можев да споделувам рецепти, фотографии и при тоа да уживам многу во тоа, а најмногу од сè во групата има и многу дружења и слични сродни души, низ насмевка ни рече Ирена.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....