1.8 C
Скопје
00:37 - 11 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ ЗА ДЕНЕС ПРЕДЛАГА: Протеински ролат со спанаќ и урда

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 

Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни предлага рецепт за протеински ролат со спанаќ и урда.

Фото: Приватна архива
– Секогаш е одлично време за здрав оброк!, вели Бранко Попоски.

Потребни состојки

👉2 чаши овесни снегулки
👉100гр.бадеми
👉5 јајца
👉2 лажички кокосово масло
👉мала лажичка хималајска сол
👉половина чаша оризово млеко
👉10 лажици урда
👉600гр. спанаќ

Начин на подготовка

Во блендер додадете ги горенаведените состојки освен урдата.Блендирајте додека не се изедначат состојките и не се добие хомогена смеса. Во правоаголно тавче поставете хартија за печење. Смесата истурете ја врз хартијата. Печете на 180 степени 5-10 минути, додека не се формира кора.
Оставете ја да де излади околу 10тина минути.
Со миксер, матете ја урдата додека не добиете кремаста смеса. Премачкајте ја кората од спанаќ со урдата нанесувајќи ја низ целата површина. Потоа, формирајте ролат.
Пред да ја ставите на печење смесата додадете ленено семе и сончоглед.
Уживајте во вкусот на овој здрав ролат!
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....