11:02 - 31 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Слатко од зелени смокви – Домашно си е домашно!

Сезоната на зимници е во тек. А на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни открива рецепт за домашно слатко од зелени смокви. 
Фото – приватна архива
Потребни состојки
2 кгр зелени смокви
5 кгр шеќер
2 лимон
450 мл вода за шербет

Начин на подготовка

Најпрво, исчистете ги дршките од смоквите, потоа на неколку места боцнете ги со вилушка или игла.
Смоквите ставете ги во длабоко тенџере, полијте ги со водa и ставете ги на загреана рингла да провријат.
Се ставаат во тенџере, се налеваат со вода и се ставаат на загреана рингла да провријаат.
Откакоу ќе извријат врелата вода истурете ја, па додадете нова вода и постапката повторете ја 6 до 9 пати. Кога ќе ја истурите последната вода, смоквите ставете ги да се цедат.
Потоа, во друго тенџере додадете го шеќерот заедно со водата да се соединат и да зовријат.
Кога ќе почне да врие шербетот се додаваат исцедените смокви.
Слаткото варете го до саканата густина, односно 30-40 минути. На крај, исечете ги лимоните на кругчиња и додадете ги во слаткото.
Покријте го тенџерето со влажна крпа и оставете го да стои 12-13 часа.
Потоа, слаткото се собира во чисти тегли.
Домашно си е домашно!
ФОТО- ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....