25.8 C
Скопје
15:24 - 29 април, 2024

(ФОТО) РАЗГОВОР СО ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ: И покрај проблемите станав Европски БМУ шампион

Дека не треба да престанете да сонувате и дека соништата се исполнуваат доказ е дваесет и пет годишниот Христијан Бузалковски од Скопје – Европски шампион во мотоциклизам за 2021 година. Христијан верувал дека ќе стане шампион, а убаво е кога желбата ќе стане цел, а целта реалност. Но, како дознаваме од него…

Христијан Бузалковски од Seventy One Team, фото-приватна архива

– Морам да признам дека според тоа како почна годината, се заврши на многу добар начин, бидејќи од самиот старт имавме многу проблеми со моторот, низа на неколку падови и сериозни повреди. Кога ќе се собере целата сезона, на крај испадна во најдобар можен ред. Започнавме во јуни, поради ковид пандемијата, чекавме да се отворат границите, се возеше по скратен календар, но на крајот ги завршив двете трки со освоено прво место, со одличен резултат и да го освојам шампионатот, вели Христијан.

Двете трки ги стартувал од втората позиција, за потоа да биде прв со предност од неколку секунди, кои значат многу за брзинскиот моторциклизам.

– Немавме машина до самиот старт на трката, пет дена пред да учествувам на трката не знаевме дали воопшто ќе настапиме на таа трка бидејќи во текот на целата сезона имавме проблем со три машини, тритте машини се расипаа и нигде не можевме да најдеме, цел регион го претресовме. За среќа најдовме, ја направивме машината и бидејќи во Македонија немаме стаза каде да го пробам моторот, го пробувавме моторот на самите тренинзи. Секој звук на моторот, нешто ќе шушне, го слушаш, го пазиш, го штедев моторот, бидејќи најбитни се двете трки. Нема вредност ако си прв на првиот тренинг, а трката не ја стартуваш воопшто, раскажува тој.

Христијан знаел дека ќе биде прв уште на самиот старт, на правата кривина.

– Првопласираниот на претходните трки го оставав зад мене. Успеав уште на самиот старт да земам предност од 2-3 секунди, за веќе во вториот треттиот круг да ја зголемам предноста од 6 секунди. Тесна беше борбата со натпреварувачот од Бугарија, возевме тркало до тркало, но не дозволив да ме помине.

Христијан го остава срцето на асфалтот кога станува збор за брзинскиот моторциклизам. Со правата европска титула во БМУ се закити во 2018 година. Ова е негова втора европска титула, но како што вели Христијан, нема да биде последна.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо
Се вчитува....