01:53 - 10 јануари, 2026

(ФОТО) Милена Митрева Ристов, одгледувачка на лејки: Лејките се враќаат на голема врата во мода!

Разговараме со Милена Митрева Ристов на една необична тема – лејки. Што навистина знаеме за оваа традиција и за самата лејка? Веројатно ви е познато – лејка е едногодишно растение од семејството тикви со плод во форма на круша. Се употребува како декоративно средство – за разубавување на домовите, викендичките, дворовите и слично, но и како сад за црпење вода.

Фото: Приватна архива

Дали ја наследивте традицијата на одгледување на лејки, или е ваша иницијатива?

– Иницијативата за да насадам и да одгледувам лејки е моја, а до пред неколку години ги одгледуваше мојот свекот. Повторно ги засадив бидејќи сакав надополнување на градината која изобилува со зачински билки, ароматични растенија и други видови плодови од јужните краеви.

Каков третман на одгледување бараат лејките за да дадат одлични плодови?

– Одгледувањето не е тешко, покрај добро наѓубрената земја и многу вода, важно е да имате и цврст, висок одер на кој лејките ќе висат за да имаат убава, издолжена форма.

За што сè може да послужат лејките во домаќинството?

– Оние покреативните ги користат за украсување, аранжирање на дневниот престој, други пак, за декорација на летниковците и викендичките, а често се користат во градините и дворовите како црпкалка за вода.

Каков е интересот за сочувување на оваа традиција и дали има простор за лејките во денешното модерно општество?

– Интересот за одгледување лејки е сè поголем и со тоа се чува традицијата, а во модерното општество покрај претходно споменатото, мои пријатели лејките ги користат и за изработка на столни ламби, цртање слики со пирограф и други видови украси за нашите домови.

Зошто се вели дека лејките не се јадат, навистина ли е така?

– Така е останато од старите, дека не се јадат, а дали е вистина нека кажат земјоделските агрономи (се смее, н.з). Ние, во нашиот двор, одгледуваме и тикви што растат и по два метра, а се користат и за јадење и за украс.

*Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....