3.8 C
Скопје
04:03 - 21 декември, 2024

ЦВЕТНИ ИМИЊА ЗА ВАШЕТО БЕБЕНЦЕ: Од каде потекнуваат и какво е нивното значење

Дали некогаш сте размислувале да му дадете на вашето детенце име според цвет?

Цветните имиња се преубави и понекогаш имаат мистично значење.

Ви носиме повеќе идеи за цветни имиња, особено за девојченцата. Сигурно ќе најдете некое што ви се допаѓа!

Алели

Се изговара со акцент на последното и. Ова е помалку познато име, но со прекрасна звучност кога се изговара, а значи „верен (и) во неволја“. Станува збор за растение, односно за ѕидно цвеќе, кое се карактеризира со убави и миризливи цветови. Ова растение стана познато по песната на шпански изведена од Натаниел Адамс Колс, професионално познат како Нат Кинг Кол, американски пејач, џез пијанист и актер, а песната се вика „Capullito de Alhelí“, што значи „Пупката на Алели“.

Како и многу други зборови кои започнуваат со „ал“, ова име доаѓа од арапскиот јазик.

фото пиксабеј

Амарилис

Ова невообичаено име доаѓа од грчкиот јазик и се однесува на сјајот и раскошот поврзани со убавината и шармот. Тоа е исто така име на прекрасно цвеќе наречено амарило, со цветови во облик на чадор кои цветаат во доцна зима и на рана пролет.

Името Амарилис е исто така познато во латинската верзија Амарилиде, по приказната за овчарката спомната и од Теокрит и од Вергилиј.

фото пиксабеј

Амапола

Ова име, од арапско потекло, значи афион и потсетува на убавината и мирниот живот на селата, каде што растат афиони.

Овој цвет е симбол и на Холандија, а некои видови произведуваат семиња за јадење.

Ова име евоцира многу жива личност, полна со бодрост, која сака бои, внимателна но весела. Луѓето со ова име се малку нетрпеливи, но интелигентни, чувствителни и многу внимателни.

фото пиксабеј

Азуцена

Името Aзуцена е шпанско, кое сепак потекнува од арапски, а на македонски значи крин. Кринот е убав и нежен цвет и можеби поради оваа причина значењето на ова име е „невино срце“.

Луѓето со ова име се карактеризираат со поддршка кон другите и многу се ментално активни. Во семејството тие се многу комуникативни и љубезни и многу сакаат пријателства. Ова е причината зошто тие се лојални на своите придружници и сакаат да споделуваат сè со нив.

фото пиксабеј

Бегонија

Шпанското име, широко распространето низ Пиринејскиот Полуостров, значи храбар и специфичен. Бегонија е исто така прекрасно цвеќе, чие име потекнува од францускиот и го носи името од Бегон, личноста која го увезла ова растение од Америка.

Девојките со ова име се вели дека се весели, радосни и среќни и даваат многу позитивна енергија. Тие се и многу внимателни и педантни, па сакаат професии кои бараат прецизност.

фото пиксабеј

Далија

Далија е име кое потекнува од грчкиот јазик и се поврзува со истоимениот прекрасен цвет. Далија значи „убава жена“.

Луѓето со ова име се покажуваат како природни, сакаат да бидат на отворено, многу се љубезни и смирени. Многу се приврзани со најблиските и нивните драги луѓе.

фото пиксабеј

Гарденија

Колку и да звучи изненадувачки, ова име на цвет доаѓа од германски јазик и е поврзано со близината. Гарденијата е бел цвет. Тој е роден во Источна Азија, наречен е и индиски јасмин, а името го дал шкотскиот натуралист Александар Гарден.

Луѓето по име Гарденија обично се многу избалансирани и спокојни. Имаат и одлично чувство за правда, па во многу наврати се посветуваат на хуманитарни или дипломатски работи.

фото пиксабеј

Ирис

Ова име, кое е и на цвет, значи надеж и шарени бои. Има грчко потекло и потекнува од грчкото име Еиро, божицата на виножитото, задолжена да ги пренесува пораките на боговите до луѓето.

Луѓето наречени Ирис, генерално, се многу чувствителни и се грижат што мислат луѓето за нив. Поради ова, тие често знаат да бидат таинствени но и недоверливи. Тие се исто така многу снаодливи и активни.

фото пиксабеј

Јасмин(а)

Името Јасмин, со арапско потекло, е многу популарно во земјите од англиско говорно подрачје, но и на Балканот, и се однесува на добрина. На италијански јазик пак, името што одговара на овој цвет е Гелсомина.

Жените со име Јасмина се многу љубезни и комуникативни. Секогаш се весели, и имаат силна смисла за хумор. Тие се многу дружељубиви и сакаат да стекнуваат нови пријатели.

фото пиксабеј

Лиза

Ова име има две значења: „убава како ирис“ или „таа на која Бог ѝ помогнал“. Многу луѓе го користат ова име како деминутив на Елизабета. Инаку, повторно станува збор за цветот ирис, но на шпанско говорно подрачје.

Луѓето со име Лиза обично се многу отворени и комуникативни. Имаат шарм и секогаш се многу пријатни. Тие сакаат да разговараат и да комуницираат. Затоа, тие секогаш бараат контакт со други и друштво на многу луѓе.

Лила

Убаво звучно име што значи „убаво како цвет од јоргован“. Јоргованот (односно лила, со акцент на последното а) е светло виолетов цвет, но ова име со арапско потекло ја дефинира и „ноќта“ и е исто така деминутив на две прекрасни имиња – Далила и Лејла.

Луѓето со име Лила се карактеризираат со нивната силна личност. Тие се многу чувствителни, приврзани за околината и лесно се возбудуваат. Одлични се за претприемништво, борбени се, а тешкотиите со кои се соочуваат прават да се чувствуваат уште помотивирани за да ги постигнат своите цели.

фото пиксабеј

Маргарита

Вистинска класика меѓу цветните имиња, маргаритката е цвет кој неминовно се поврзува со играта „Дали ме сака или не ме сака?“.

Името Маргарита доаѓа од грчкиот „маргарити“ и значи „бисер“. Тоа значи и „она што ја крие својата убавина“ или „она што е убава како бисер“.

Жените кои го имаат ова име обично имаат силна и оригинална личност. Тие никогаш не остануваат незабележани и оставаат свој белег каде и да одат. Тие се многу дружељубиви и секогаш се љубезни и фини. Обично се многу самоуверени, обожаваат да импровизираат и да се соочуваат со нови ситуации.

фото пиксабеј

Мелиса

Мелиса, со грчко потекло, е името на цвет кој се користи за медицински цели и што значи слатко. Жените со ова име се модели на луѓе, многу чувствителни, кои се одликуваат со нивните добри манири. Тие секогаш знаат како да се однесуваат во секоја ситуација. Имаат многу здрав разум и тоа им овозможува максимално да ги искористат сите ситуации со кои се соочуваат. Тие обично знаат многу креативно да ги решат проблемите.

фото пиксабеј

Роза

Уште една класика меѓу имињата на цвеќињата, која има значење тесно поврзано со симболиката на цветот: убавина и страст.

Луѓето кои се нарекуваат Роза (или Ружа, Ружица) се многу трудољубиви, внимателни и посебни. Надарени се со искреност и со доверба се посветуваат на другите. Но истовремено, обично се многу кревки луѓе, како цветни ливчиња, но знаат да го користат оружјето во моменти на потреба -своето трње.

фото пиксабеј

Вероника

Многумина не знаат дека името Вероника, со грчко потекло, потекнува од Береника и значи „таа што постигнува победа“ или „жена победничка“. Тоа е и име на цвет.

Жените по име Вероника обично се многу чувствителни, весели и друштвени, но имаат и силен карактер. Тие се многу одговорни луѓе.

Виола или Виолета

Име од латинско потекло кое се однесува на цветот и неговата боја и кое се поврзува со воздигнување на убавината.

Жените кои го имаат ова име обично се многу чувствителни и приврзани. Своите чувства ги искажуваат, бесрамно, отворено и знаат совршено да ги разберат другите и нивните чувства. Ова ги прави мудри и урамнотежени луѓе. Но, за да не се занесат премногу од емоциите, тие посегнуваат и по рационалноста и на тој начин носат правилни одлуки.

фото – пиксабеј

 

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....