16.8 C
Скопје
10:07 - 29 март, 2024

НЕ СЕ ЗА СЕКОГО МНОООГУ ПАРИ: Вложил пола евро, добил 11,5 милиони, банкротирал за 10 години! Еве како ги потрошил паричките!

Мајкл Керол, кој се прослави по тоа што потроши 9,7 милиони фунти (11,5 милиони евра) кои ги доби на лотарија во 2002 година, повторно се ожени со својата сопруга која го оставила по фантастичната добивка, откако открила дека ја изневерува со проститутки.

Денес 38-годишниот Керол, го купил добитниот билет во тоа време, за само 1 фунти, кога имал 19 години и работел како чистач на улици во Норфолк. Меѓутоа, откако се збогатил, човекот сето тоа го потрошил на алкохол, дрога, брзи автомобили и забави и банкротирал во 2013 година.

фото – јутјуб

Неговиот збеснат начин на живот, исто така, брзо стави крај на неговиот брак со сопругата Сандра Аиткен, денес 38-годишна, која го обвинила дека спие со проститутки.

– Мајки мислеше дека е голем фраер, најмногу од сè затоа што имаше пари, и се опкружи со зависни од него. Заминав затоа што потроши 10 милиони фунти (11,5 милиони евра) за пиење алкохол и дрога и ме изневеруваше со проститутки, се сеќава Сандра.

По нивната разделба, Керол, кој често се фотографираше во брендирана облека и со скап накит, како и во брендирана спортска облека, продолжил да живее во екстраваганција и се појавил на суд повеќе од 30 пати, каде секогаш пристигнувал со луксузен автомобил и пиејќи скап алкохол.

Никогаш не криел дека е женкар, своевремено рече дека спиел со околу 4.000 жени. Тој, исто така, призна дека станал „тежок алкохоличар“, и дека ужива да оди на одмор на Коста дел Сол.

Доби казни кои мораше да ги плати за тероризирање на неговите соседи и беше затворен на пет месеци во 2004 година бидејќи беше пронајден со дрога по пресудата за поседување кокаин.

Неговиот сметководител го предупредил во 2005 година дека почнува да го троши својот последен милион, но сепак, Керол не послушал, па во февруари 2006 година бил затворен на девет месеци поради тепачка.

Во февруари 2013 година милионерот прогласил банкрот и завршил на листата во заводот за вработување, а подоцна и на социјална помош како невработен.

Најниско паднал кога морал да се пресели во хотел за бездомници каде престојувал цели три месеци додека се борел да најде работа поради неговата репутација. Потоа, нашол работа во фабриката за бисквити во Аберлор.

Кога го прашале како успел да ги потроши парите, Керол одговорил – Веднаш по добивањето на кешот подарив 4 милиони фунти, милион на мама, милион на тетка ми и вујко ми затоа што отсекогаш сум бил близок со нив, ѝ дадов милион на мајката на поранешната сопруга, и милион на Сандра. Остатокот од парите ги потрошив на дрога и проститутки, на забави и автомобили.

Во 2019 година, беше откриено дека Керол се преселил во Шкотска и работел седум дена во неделата како рудар за јаглен. Тој изјави за „Мирор“ : „Воопшто не тргна наопаку, туку тоа беа најдобрите 10 години во мојот живот за вложена 1 фунта. Сигурно дека не гледам наназад со жалење!“.

фото јутјуб

 

Слични објави

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо
Се вчитува....