3.8 C
Скопје
06:32 - 26 април, 2024

ПОСЛЕДНА ВЕЧЕР НА ЈУБИЛЕЈНИОТ OFFEST СО ПИЈАН СЛАВЕЈ (МАКЕДОНИЈА) И БЛИК БАСИ (КАМЕРУН): Не е за пропуштање!

Третата и последна вечер на ОФФест (9-13 ноември), ќе ja одбележат концертните настапи на нашиот ПИЈАН СЛАВЕЈ (новата музичка приказна на Бранко од Фолтин) и на реномираниот камерунски гитарист, вокалист, композитор и протестен поет БЛИК БАСИ. Тие вечерва на сцената на Националната опера и балет – местото каде што се одвива целокупната концертна програма на годинешниот ОФФест – ќе ги претстават своите актуелни проекти, ставајќи точка на јубилејното 20. издание на нашиот најголем и најзначаен  фестивал на музика на светот.

ПИЈАН СЛАВЕЈ (попознат како Бранислав Николов) е етаблиран музички уметник, изведувач, автор, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин. Како еден од основачите и клучни членови во бендот, зад себе има девет студиски изданија, како и музика за преку триесет театарски претстави и неколку документарни и играни филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Avec L’Amour (Со љубов)“, „Cash & Marry“ и други. Тој е денес, без сомнение, еден од најпродуктивните, најоригиналните и најхаризматичните актери на домашната музичка сцена, познат по својата спонтаност, експлозивност, емотивност и страст во живите настапи. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две збирки поезија. Концертот на Пијан Славеј на ОФФест 2021 е, всушност, прво претставување во живо на неговата нова музичка авантура, во која учествуваат и Пеце Трајковски (хармоника), Андреа Мирческа (контрабас), Мартин Џорлев (клавијатури) и Мартина Баракоска (тапани).

БЛИК БАСИ е „еден од најинвентивните и најоригиналните африкански музички автори“ (Гардијан). Камерунскиот гитарист и вокалист, со живеалиште во Париз, ги вкрстува африканските традиции, бразилската боса-нова и Мисисипи блузот со полетните мелодии и сугестивниот, кршливо нежен, фасцинантен вокал. Тој пее на јазикот Баса, еден од 260-те јазици што се зборуваат во Камерун. Песните на Баси се возбудливи, емотивно и политички набиени и поткрепени со впечатлива инструментација на виолончело, труба и тромбон. Неговиот нов албум „1958“ има сериозна политичка конотација: во таа година е застрелан Рубен Ум Нјобе, водачот на борбата за независност на Камерун, од страна на колонијалните француски трупи. Баси ги враќа сеќавањата за него, истовремено потенцирајќи ја врската со сегашноста, со денешниот Камерун – земјата е можеби независна, но сепак управувана од авторитарен режим којшто ги потиснува сите сеќавања на активистите како Нјобе. Блик Баси испорачува современ звук без граници, своевидна декларација за независност и воедно чин на нескротливост.

 

Слични објави

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо
Се вчитува....