6.8 C
Скопје
12:18 - 22 декември, 2024

ПРОВЕРЕНО: Зошто„волшебните“ диети и апчиња не функционираат?

Од незнаење, луѓето воглавно применуваат два метода за намалување на тежината. Првиот метод е драстична диета со намалување на калориите до опасно ниско ниво, понекогаш и под 500 калории на ден. Второ, употреба на диета со „волшебна“ конструкција на „компатибилни производи“ кои се јадат само во одредено време на денот. Да ги разбиеме сите митови: за да ослабете потребно е да имате калориски дефицит, тоа е првата и основна компонента, но тоа не значи да гладувате со патолошка диета. Вакви диети функционираат краткотрајно, а праксата покажува дека 80 отсто од оние кои ја применувале „волшебната“ диета ја враќаат својата првобитна телесна тежина најмногу за една година

Салото е само „мртва“ тежина. Не само за спортување туку и за општата благосостојба, она што го носите на себе како товар само ви го отежнува животот. За да бидете здрави или пак успешно да ослабнете, треба да се ослободите од маснотиите. Со соодветна нутриционистичка насока тоа може да го направи секој човек. Оние кои активно вежбаат од 4 до 6 пати неделно, имаат маснотии во телото од 8 до 16 проценти кај мажи, односно од 10 до 25 кај жени. За жал, под влијание на различни квазинутриционисти и модерни советници за диети, луѓето применуваат најразлични методи за да ја намалат својата тежина, но при тоа го намалуваат и своето здравје и своите перформанси.

Зошто „волшебните“ диети не функционираат?

Тие се сконцентрирани на намалување на тежината наместо на коректниот пристап – намалување на масното ткиво. Со нискокалоричните диети од 800 до 1200 калории дневно, доаѓа до намалување на тежината и до 45 отсто со канибализација на сопствената мускулатура – единственото активно ткиво кое ги согорува маснотиите. Зачувувањето на мускулатурата е најважната работа  за да ја загубите телесната маснотија. Што помалку мускулатура имате – толку е помал вашиот базален метаболизам и толку ќе биде потешко да се ослободите од мастите.

Заблуда: калорија е калорија!

Сеуште е општ мит дека калорија е калорија, независно од каква храна доаѓа. Калориите кои ги внесувате со масти ве прават помасни, а калориите кои доаѓаат од јагленохидрати се претвораат во шеќер. Докажано, протеинската исхрана е онаа која ни овозможува да ја сочуваме мускулатурата, односно калориите од протеините се подобри од оние од мастите или јагленохидратите.

ЧЕКОР 1: Прво правило за перманентен губиток на маснотии е: не губете повеќе од 250 г маснотии неделно! Ќе забележите мала промена во првите 2 месеца, меѓутоа во текот на годината телесните маснотии ќе се намалат меѓу 3 и 6 проценти. Во меѓувреме телото ги ремоделира сите хормони, ензими и ткива за да се прилагоди на новата ситуацијаи. За 12 до 18 месеци ќе успеете да ја промените композицијата на телото без да активирате ниту еден од неговите одбранбени механизми.

ЧЕКОР 2: За да бидете сигурни дека губите маснотии, а не мускулатура, важно е да го мерите вашиот телесен состав (индекс) секои 2 месаца. Тоа се прави со калипер (штипка), но посовремен начин е со електронска вага која автоматски покажува колку маснотии имате во телото.

ЧЕКОР 3: Единствена храна од која треба да се откажете се заситените масти ( сите масти од животинско потекло кои се наоѓаат во сланина, џимиринки, колбаси, паштети, путер, павлака, мрсни сирења и кашкавали, свинско и јагнешко месо и сл). Елиминирајќи ги може да го обезбедите тој 10 процентен калориски дефицит кој ви е потребен за здраво слабеење.

pixabay

Кои апчиња делуваат…

Заборавте на „волшебните“ апчиња за слабеење кои гарантираат брз успех. Точно е дека тие ќе го забрзаат метаболизмот во одреден период, а со тоа и процесот на слабеење, но штом ќе прекинете да ги земате килограмите забрзано ќе почнат да се „лепат“ на вас. Второ, „волшебните“ апчиња често предзвикуваат забрзана работа на срцето, вклучувајќи и тахикардии. Трето, од ваквите апчиња најчесто се ослободуваме од вода, а не од салото, па затоа и се чувствуваме полесни.

Постојат неколку хранливи материи кои можат да ви помогнат. Затоа пробајте со овие витамини односно минерали кои ги користат и спортистите:

Ел-карнитин

Првиот е ел-карнитин. Количината на согорени маснотии директно зависи од нивото на ел-карнитин во мускулите. Оралната суплементација на оваа аминокиселина во количина од 1 до 2 г дневно значително ја зголемува потрошувачката на маснотии, но само за време на вежбање или физичка активност!

ХРОМ Пиколинат

Вториот елемент кој може да помогне во губење на маснотии е хромот. Тој е минерал, есенцијален за нормален метаболизам на инсулинот. И како таков е важен за раст на мускулатурата и контрола на телесната маснотија. Стабилно ниво на хром се одржува со апчиња: неопходни ви се 200 до 400 микрограми дневно во вид на хром пиколинат во комбинација со физичка активност!

ОМЕГА 3

Уште два хранливи елемента помагаат во регулирање на инсулинот, а тоа се EPA и DHA масните киселини кои се наоѓаат во рибините масла и кај нас се познати како Омега-3 масни киселини и во вид на апчиња треба да се консумираат од 1 до 2 г дневно.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....