13:26 - 1 април, 2026

(ФОТО) НЕОДОЛИВИ ЕСЕНСКИ РЕЦЕПТИ ОД СУЗАНА АВРАМОСКА: Очи да исплакнеш, уста да израдуваш – Беровска бабина торта и мармалад од шипки

Помисливте ли дека овие чудесни еснески дела ги создала некоја самовила, пафкајќи со своето волшебно стапче и наросувајќи „син прав“? И ние го помисливме истото.

Сузана Аврамоска е вработена во Армијата на Р.С. Македонија, а готвењето ѝ преставува задоволство и анти стрес терапија во брзото и напнато темпо на живеење. Готви од мала, но последните шест-седум години повеќе е насочена кон специфични декорации на храната, посебно кон десертите.

Од Сузана дознаваме како да си направиме совршен мармалад од шипки.

– Јас го направив со 5 килограми шишки. Го подготвував за време на викенд. Првиот ден ми помина во чистење, а втор ден во прецедување низ сито, газа, цедалки за да го стокмам за варење…Варењето е посебна приказна – 5 часа, а од сè  тоа излезе 25 литри течност. Но, вкусот е неверојатен! Всушност и бојата и текстурата и мирисот и вкусот. Одличен е за дегустација и со палачинки, – ни откри Сузана.
фото – приватна архива

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

БЕРОВСКА БАБИНА ТОРТА

– Секое годишно време носи своја убавина и посебна инспирација за декорирање храна. Но есента како да ги има најубавите бои. Познатата беровска бабина торта ќе ви донесе експлозија од вкусови! Јас ја послужувам, како што е редот, со домашен џем од диви јагоди, а листовите за декорирање се од бело чоколадо обоени со прехранбени бои – објаснува Сузана и додава:

– Бабината торта е старински рецепт кој најчесто е традиционален во беровскиот крај. Рецептот љубоморно го чуваат и го пренесуваат од колено на колено…по долга потрага за овој рецепт, благодарение на групата Здрава храна Мк верзија и Сани го добив овој рецепт по кој ја направив мојата бабина торта.

За корите потребно е:  2 јајца, 2 лажици масло или свинска маст, 2 лажици шеќер, 2 малечки филџани млеко, прстофат сол, 1 лажиче сода бикарбона, брашно по потреба.

Се замесува средно меко тесто и се дели на 12 топчиња (јас на 10 топчиња го поделив). Секое топче се расукува во кора во круг, како за тавче бр 24, и секоја кора се потпекува на превртен плех во загреана рерна на 200 степени десетина минути. Да се внимава да не се препечат корите.

Фил – Се варат во тенџере 800 мл млеко со 800 гр шеќер, кога ќе зоврие се додава 1 лажица какао, 250 гр путер и 500 гр мелени ореви. Се редат кора, па фил, во поширок калап бидејќи филот е потечен. Се остава да стои неколку дена за да омекнат корите од филот.

Се служи со домашно слатко од диви јагоди…

На здравје!

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....