2.8 C
Скопје
18:14 - 20 декември, 2024

Зошто сириските бегалци не се добредојдени во богатите арапски држави?

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, повеќе од четири милиони луѓе ја напуштија државата во страв за сопствениот живот. Најголем број од нив побегнаа во соседните држави – Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет. Оние пак кои се движат понатаму, без исклучок се движат кон границите на Европската Унија.

Речиси никој од бегалците не се упатува кон земјите на Персискиот Залив, иако се работи за богати држави со кои бегалците делат иста вера и култура. Главниот проблем на бегалците е што ниту една од шесте богати и влијателни држави од Персискиот Залив – Саудијска Арабија, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Оман, Бахреин, Кувајт и Катар не е потписничка на повелбата на Обединетите нации (ОН) за бегалци, која го дефинира поимот бегалци и правата на лицата кои бараат азил. Овие држави ги имаат уредено своите односи така што не е возможен влез на лицата кои немаат виза, која патем тешко се добива.

Наместо да ги прифаќа бегалците, државите од Персискиот Залив засега даваат само финансиска помош. Емиратите фиансираат бегалски камп во Јордан кој има капацитет за десетици илјади Сиријци. Владите на Саудиска Арабија и Катар донираа пари, храна, засолништа и облека за сириските бегалци во Јордан со вкупна вредност од 900 милиони долари. Наспроти нив, државите од ЕУ досега според некои извештаи донирале повеќе од 2 милијарди долари и прифатија голем број на бегалци од Сирија.

Дополнителна провокација е и фактот што соседна Саудијска Арабија, богата држава, сојузник на САД, има распоредено неколку илјади луксузни шатори за потребите на аџиите кои присуствуваат на аџилак во Мека. Според медиумски шпекулации, овие шатори се современи и климатизирани, а во нив може да се згрижат 3 милиони бегалци. Но, тие капацитети не се во функција за сириските бегалци.

Од друга страна, се поставува и прашањето – зошто бегалците од воените зони на Блискиот Исток не се згрижуваат во своите соседни држави, кои се слични по вера и култура за живот?

Зошто бројните бегалци од Блискиот Исток се упатуваат кон земјите од Европската Унија, каде и самите имаат проблеми со прилагодување на својот начин на живот? Кризата на Блискиот исток секако може да ја наруши демографската и етничка карта на Европа со доаѓањето на овие бегалци.

Оттаму и жестоките полемики кои почнаа меѓу државите членки на Унијата. Освен Унгарија, која во минатото беше најексплицитна во однос на транзитирањето на бегалците кон Германија, се чини дека полека и останатите централно-европски држави, новиот бегалски бран го гледаат како закана. Австрија најави дека ќе ги запре сите мигранти кои се обидуваат да ја преминат границата, освен ако не се преземат мерки за нивно запирање во Грција и другите балкански земји.

Австрија и останатите европски земји преку полициската мисија Фронтекс ги набљудува и помага во обезбедување на границите кои се први на удар на новиот бегалски бран. Со присуството долж границите на Грција, централно европските држави ги бранат своите граници.

Но, врвот на парадоксот се случи за време на напливот на бегалци од Блискот Исток во 2015 година, кога земја која не е членка на ЕУ ги бранеше границите на Унијата од бегалскиот бран кој беше пропуштен од една европската земја членка – Грција.

The post Зошто сириските бегалци не се добредојдени во богатите арапски држави? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....