0.8 C
Скопје
23:02 - 18 декември, 2024

Зошто коронавирусот е посмртносен во Европа отколку во Америка?

Истражувачи од универзитетите во кинеската провинција Жеџијанг тврдат дека коронавирусот мутирал во повеќе од 30 видови и дека ова делумно го објаснува фактот дека тој однесе повеќе животи во некои земји отколку во други делови на светот.

До денес се забележани повеќе од 2,4 милиони случаи на заболени од коронавирусот ширум светот, а новото истражување покажува дека видот на вирусот кој владее во Европа е многу посмртоносен отколку оној што постои во Америка.

Истражувачите од Универзитетот Жеџијанг веруваат дека коронавирусот митирал во најмалку 30 различни видови.

Откриено е дека видовите во Кина и Европа се едни од најопасните, додека во САД се поблаги, наведува Саут Чајна Морнинг Пост.

Истражувачите ги анализираа вирусните видови кај 11 пациенти со коронавирус тестирајќи колку ефикасно вирусот може да инфицира и да ги убие човечките клетки.

Резултатите покажаа дека некои од најсмртносните мутации се пронајдени во Жеџијанг, а овие видови се пронајдени во Шпанија, Италија и Њујорк.

Загрижувачко тоа што видовите создале и до 270 пати поголемо количество на вируси во однос на оние послаби видови.

Во меѓувреме, најпоблаги видови се пронајдени во САД вклучително и во Вашингтон.

Во студијата која е објавена во medRxiv истражувачите под водство на Хагпинг Јао напишаа дека набљудуваните мутации, собрани ширум светот можат значително да влијаат на патогеноста на коронавирусот.

 

The post Зошто коронавирусот е посмртносен во Европа отколку во Америка? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....