4.8 C
Скопје
22:07 - 15 ноември, 2024

Зибери, издржи уште малку

Деновиве очекуваме да се формира Владата на Република Македонија, во која премиерската функција е резервирана за Зоран Заев. Со тоа е ставен конечен крај на заложбите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со Владата да раководи Албанец, односно скопскиот нотар Насер Зибери.

Да, токму Зибери во текот на предизборната кампања, беше номиниран од Ахмети за премиер, со ветување дека по изборите ќе инсистира токму нотарот да седне во премиерската фотeлја, со јасна закана до други политички субјекти дека во спротивно ДУИ нема да партиципира во власта.

Сепак, беше договорено Владата да се формира поинаку, на што Ахмети, спротивно од своите претходни ветувања и закани, реагираше изненадувачки позитивно.

„Оваа заедничка влада меѓу ДУИ и СДСМ го претставува најдобриот можен резултат за нашата земја, а особено за Албанците затоа што целиот наш стремеж беше и останува да постигнеме еднаквост,“ изјави Али Ахмети, додавајќи дека нивниот предлог за премиер од предизборието, Насер Зибери, ќе продолжи да си работи како нотар, сè додека, како што рече, не му се најде некое соодветно место.

Значи, Артан Груби е предложен за прв вицепремиер и со уште неколку членови на ДУИ ќе биде дел од новата Влада, а Зибери ќе треба да продолжи да функционира како нотар во озлогласениот приватен сектор каде што човек е принуден да работи, односно самиот да си го заработува лебот, наместо да „залегне“ на државниот буџет, во некој ресор, комисија, управен одбор, јавно претпријатие или агенција. Барем уште некое време, додека не се пронајде соодветна позиција.

Не знам за вас, но за мене примерот со Зибери претставува парадигма на сето она што во Македонија е лошо со години. Човекот е нотар, значи има мошне битна и ценета професија од која се заработува натпросечно, но од друга страна му се порачува да издржи, да се стрпи, бидејќи наскоро ќе има место во администрацијата и за него. Премногу понижувачко за сите нотари, но и адвокати, готвачи, банкари, келнери, месари, продавачи, електричари и механичари, односно сите оние што деноноќно работат за да обезбедат пари за себе, за своето семејство, но и за гломазната администрација.

Таква земја е Македонија, во која е срамота човек самиот да заработува, самиот да печали и со тоа да придонесува за подобрувањето на целокупното општество. Само отворената уста под државното виме, во оваа држава те прави горд, успешен, надарен и талентиран.

Не се сомневам дека Ахмети ќе ургира кај првиот вицепремиер или, пак, кај премиерот лично, на нотарот Зибери наскоро да му се пронајде некакво место во државниот сектор. Какво? Не знам какво, но сигурно дека местото ќе биде соодветно. Нешто таму во Влада или слично.

The post Зибери, издржи уште малку appeared first on Слободен печат.


Зибери, издржи уште малку was first posted on август 28, 2020 at 9:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....