Од Њујорк до Тел Авив, револуцијата во телекомуникациите донесе многу повеќе работа, докажува истражувањето спроведено на 3,1 милион луѓе во 21000 компании, од 16 градови во Северна Америка, Европа и Блискиот Исток.
Истражувачите го споредиле однесувањето на вработените во два периода, во траење од 8 недели, пред и по карантинските мерки поставени поради пандемијата. Според податоците од службената електронска пошта и одржаните онлајн состаноци, се добива резултатот дека во просек работниот ден траел 48,5 подолго во импровизирани домашни услови, во однос на периодот кога вработените оделе на работа.
Големи промени не се почуствувале во Лос Анџелес и Чикаго, но затоа во Њујорк, Сан Хозе, како и во речиси целата Европа, вработените имале подолг работен ден за време на карантинот.
Воедно, границите помеѓу приватното и службеното станаа нејасни, откако милиони работници од целиот свет, влегоа во изолација, обидувајќи се да се заштитат од пандемијата на коронавирусот.
The post Живот во време на корона: Работниот ден трае подолго кога се работи од дома appeared first on Слободен печат.
Живот во време на корона: Работниот ден трае подолго кога се работи од дома was first posted on август 8, 2020 at 10:04 am.