4.8 C
Скопје
18:13 - 18 декември, 2024

Желба за регонални ковид центри има, но дали има простор, опрема и кадар?

Во борбата против пандемијата со коронавирусот која, според најавите на здравствените власти, на есен ќе биде многу посилна од сега поради сезонскиот грип, министерот за здравство Венко Филипче веќе најави отворање на 16 ковид центри во градовите низ државата. За овие центри да може да се отворат, потребен е простор, медицинска опрема и особено кадар.

Прашање е како ќе функционираат скопските болници ако кадарот кој доаѓа од другите градови се повлече за да работи во матичните здравствени установи. Во лекувањето на пациентите со ковид-19, покрај инфектолозите и интернистите, ќе да се вклучат и други специјалисти како и млади лекари кои се на специјализација или оние со положен државен испит.

Регионален ковид центар е најавено да има во Кавадарци, но засега е неизвесно како тој ќе функционира бидејќи двајцата интернисти кои работат во болницата одат на испомош во ковид центарот во Скопје,  „8 Септември“, а по седум медицински сестри ротираат во Клиниката за инфективни болести.

– Добро што поради системот на ротација во другите болници нашиот кадар стекна искуство во лекувањето на ковид-19. Но за да тука отвориме ковид центар тој кадар мора да се врати назад и да работи само во Кавадарци. Се уште немаме конкретни решенија, се разговара, ќе видиме како и што ќе се одлучи – вели директорот на ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, Диме Коцев.

Покрај кадарот, проблем за отворање на ковид центар е и опремата која е потребна.

– Мора да имаме мобилен рентген апарат, можност за биохемиски анализи за да не се шета крвта, а немаме ниту компјутерска томографија – вели Коцев.

Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп се градовите во кои се планира отворање на регионални ковид центри. Тие треба да функционираат како дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри. Таму треба да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на ковид 19, без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Од здравствениот дом во Ресен велат дека ова е само идеја за која сега се разговара како да се реализира и дали е можно да се реализира.

– Замислено е да имаме посебна монтажна амбуланта во близина на здравствениот дом каде ќе се врши тријажа на суспектните пациенти. За болничко лекување тука не може да стане збор зошто ние сме здравствен дом – вели директорката Сања Андоновска.

Во домот инфектолози немаат, а имаат само двајца интернисти.

– Болницата во Отешево е блиску и таму има пулмолози кои би можеле да бидат ангажирани, но сепак рано е да се каже како ќе биде, уште се испитуваат можностите – вели Андоновска.

Директорот на прилепската болница Драги Богојевски, пак, вели дека многу е важно пациентите со ковид-19 да бидат одвоени од инфективното одделение, бидејќи сега нема каде да се примаат други пациенти, како оние со каснувања од змија, менингитис и други инфективни болести.

– Ковид центрот би бил сместен во посебен, монтажен објект кој ќе биде поставен позади инфективното одделение. Во него би работеле четворицата инфектолози кои ги имаме во болницата, медицински сестри и млади специјализанти. Вирусот нема да го снема, и мора да се подготвиме на долг рок за справување со него, за што е важно да се ослободат инфективните одделенија од овие пациенти – вели Богојевски.

Но тој потенцира дека за ова да се реализира потребно е да се обезбедат пари од Светската банка, кои не станаа оперативни бидејќи заменик-министерката за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да го потпише кредитот. Овој проблем би требало да се реши со формирање на новата влада.

Од Министерството за здравство не даваат прецизен одговор на прашањето кој ќе работи во овие ковид-центри.

– Започнавме со инфраструктурно планирање и ја вклучивме локалната заедница во регионализацијата, во тимот за планирање се вклучени директорите и медицинскиот персонал на болниците, градоначалниците и секторите за адинистративно-техничка подршка бидејќи е особено важно да се обезбеди усогласеност со здравствените, безбедносните и градежните прописи. Стратешката координација, проактивното планирање, проценката на опциите и приоретизацијата се клучни во борбата со коронавирусот и заради тоа остваруваме секојдневна комуникација и состаноци со сите институции и поедници, особено со директорите на болниците. Презентиран е планот за подготвеност на Црвениот Крст, за човечки ресурси, стоковни резерви и општиот план за дејствување каде во фокусот е дистрибуција на хуманитарната помош и транспортот на лекови. Го јакнеме и здравствениот кадар, ги вклучуваме младите лекари за активно учество, а исто така се подготвува План за ротација на лекари и соодветен распоред на специјалисти –  се вели во одговорот од Министерството за здравство.

 

The post Желба за регонални ковид центри има, но дали има простор, опрема и кадар? appeared first on Слободен печат.


Желба за регонални ковид центри има, но дали има простор, опрема и кадар? was first posted on јули 20, 2020 at 2:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....