8.8 C
Скопје
14:06 - 22 декември, 2024

Здружени против Сандерс: Зошто демократите не сакаат да победи најлибералниот кандидат?

Сенаторот од сојузната американска држава Минесота, Ејми Клобучар, на ден пред одржувањето на „супер вторникот“ се откажа од претседателската трка и го поддржа против кандидатот од демократската партија Џозеф Бајден, додека најбрзо растечкиот канидат по рејтинг кандидат Пит Бутиџиџ ја заврши својата трка за освојување на номинацијата и ги повика неговите симпатизери да го подржат Бајден во трката за освојување на номинацијата за кандидат за престедател. И Клобучар и Бутиџиџ беа најголемите критичари и ривали на Бајден.

Имено, тимот на Бајден веќе соопшти дека номинацијата на поранешниот потпрестедател на САД ја поддржал еден од највлијателните членови на демократската партија, претседателот на Сенатот Хари Рид, како и дека спонзорите на останатите кандидати во трката за освојување на кандидатската номинација ги насочиле финансиските средства кон Џо Бајден.

Изненадувачката поддршка која ја доби Бајден укажува на намерите и желбите на поголемиот број на демократскиот естаблишмент да го поддржат Бајден, преку кој би го окрупниле фронтот и би го исфрлиле Сандерс од трката за освојување на номинацијата на демократите за претседателските избори. Самиот Сандерс пак, кој важи за најлиберален кандидат во оваа трка, од нигде никаде, успеа да се здобие со статус фаворит на овие избори.

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, како и сенаторката Елизабет Ворен се уште се во изборната трка, но малку е веројатно дека можат било што да направат. Се појасно е дека одлучувачката битка за тоа кој ќе му се спротистави на Трамп на изборите за престедател во ноември годинава ќе биде меѓу Сандерс и Бајден.

Голем дел од естаблишментот на демократите стравуваат дека доколку сенаторот од Вермонт победи, неговите сопартијци на изборите во сојузните држави ќе претрпат пораз. Се стравува дека победата на Сандерс ќе го урне рејтингот на демократската партија, бидејки ќе им даде аргумент на републиканските опоненти тие да обвинуваат дека нивниот кандидат е всушност социјалист.

Со други зборови, реномето на социјалист никако не им оди во прилог на демократите, а се разбира им оди на републиканците, кои ќе можат да го искористат ова и да го олеснат патот на Трамп за освојување на втор мандат во Белата куќа.

Дел од демократите пак сметаат дека Сандерс нема капацитет да ги победи умерените републиканци или независните кандидати, а последица на тоа би било победа на Трамп.

Демократите се свесни дека мора да го победат Трамп, но исто така се свесни дека шансите на Бајден да ја совои демократската номинација за претседателската трка се ниски.

Според последните податоци, Бајден за потребите на кампањата располага седум милиони долари, додека Сандерс, според сопствениот извештај располага со 16 милиони долари. Сандерс досега покажа дека од сите кандидати има најголем успех во собирање на финансиски средства за потребите на својата кампања.

Американската сојузна изборна комисија соопшти дека кампањата на Сандерс досега собрала вкупно 134 милиони, наспорти 69 милиони кои ги собрал Бајден.

 

The post Здружени против Сандерс: Зошто демократите не сакаат да победи најлибералниот кандидат? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....