-2.2 C
Скопје
02:08 - 24 ноември, 2024

Законска одредба најавена како мерка направи хаос: Граѓани што останале без работа бараат половина плата од државата, но нема за сите

Повикувајќи се на мерка 4 од вториот економски пакет, граѓаните што останале без работа во време на корона-кризата побарале преку Агенцијата за вработување да добиваат половина од својата плата. Некои од нив, по одредена процедура, имаат одобрено барање, а други се изненадиле кога им било кажано дека не ги исполнуваат условите.

Еден од огорчените граѓани се јави во редакцијата на Слободен печат да го сподели своето искуство.

– Кога се презентираа економските мерки, јасно беше кажано дека за невработените следува половина плата. Отидов во Агенцијата за вработување и ми рекоа дека не може да добијам ваков надоместок. Кога се повикав на четвртата мерка од економскиот сет, ми рекоа дека Владата не донела уредба според која на сите што останале без работа ќе им се дава половина плата. Зошто се соопштува нешто што не се исполнува – револтирано вели нашиот соговорник.

Целата „приказна“ лежи во тоа што една законска одредба што долги години постои и се применува, при презентирањето на економскиот пакет се прикажа како антикризна мерка и тоа така што голем дел од граѓаните сфатија дека секој што ќе остане без работа, од државата ќе добива по половина плата.

Мерката 4 што ја има и на веб-страницата на Владата, а која токму така беше презентирана и од премиерот Оливер Спасовски, гласи: месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50 отсто од просечната плата на работникот. По овие болдирани зборови на веб-страницата на Владата, има дообјаснување:

„За граѓаните што останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надоместок секој месец во висина од 50 отсто од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци, согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој закон, според кој граѓаните што останале без работа, ќе остварат надоместок преку Агенцијата за вработување во согласност со нивните години работен стаж“.

Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност постои уште од 2004 година. Според овој Закон, за да некој добие најмал надоместок кој е за 1 месец, требало непрекинато да работи 9 месеци, или пак, со прекини, 12 месеци. Потоа, според стажот се зголемува и времетраењето на надоместокот, а најдолг период за примање пари од Агенцијата за вработување е 12 месеци и овој период е за стаж поголем од 25 години. Но, доколку некој е пред пензија 18 месеци, а има стаж од најмалку 15 години, надоместок ќе добива 18 месеци, односно до пензионирањето.

Покрај времетраењето, за да се добие надоместок е важно на кој начин престанал работниот однос. Оттука постојаните апели и од Сојузот на синдикати, но и од Министерството за труд, работниците да не потпишуваат спогодбени откази, затоа што така нема да може да го остварат ова право. Право на паричен надоместок имаат и вработените што биле на определено време, ако им истекол договорот за работа, како и оние на неопределено работно време ако престанокот на работниот однос е поради деловни причини технолошки, економски, организациони и слични промени.

Примени 3.900 барања за паричен надоместок

Според директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, од објавувањето на пандемијата на 11 март до крајот на април, во Агенцијата за вработување се поднесени приближно 3.900 барања за остварување право на паричен надоместок во случај на невработеност. Досега позитивно се решени 1.800 барања, 100 барања се одбиени поради неисполнување на условите за остварување на ова право, а во тек е обработка на другите барања.

The post Законска одредба најавена како мерка направи хаос: Граѓани што останале без работа бараат половина плата од државата, но нема за сите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....