Шефот на американската компанија Фејсбук, Марк Закерберг смета дека мала е ефикасноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во борбата против коронавирусот, објави „Хил”.
„Во моментов е очигледно дека ширењето на инфекцијата во САД е многу полошо отколку во многу други земји низ целиот свет, а нашата влада и администрација се справуваат со ова многу неефикасно”, рече тој во интервјуто со директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи споделено на Фејсбук-страницата на Закерберг.
„Бев позитивно настроен во раните фази, кога беше очигледно дека ќе има појава на заразени, без оглед како и ние се приближувавме до овој проблем. Но, сега кога дојде, мислам дека можеше да се избегне”, нагласи Закерберг.
„Жалам што тестовите не се спроведуваат на потребното ниво, за тоа што кредибилитетот на признатите професионалци како тебе (Фаучи) и федералните центри за контрола и превенција на болести се доведуваат во прашање”, рече извршниот директор на Фејсбук.
Тој додаде дека владините службеници се сомневаат со „ основните практики, како што се носење заштитни маски”.
The post Закерберг во интервју со Фаучи ја критикуваше трамповата администрација (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Закерберг во интервју со Фаучи ја критикуваше трамповата администрација (ВИДЕО) was first posted on јули 18, 2020 at 9:03 am.