9.8 C
Скопје
20:44 - 22 ноември, 2024

Заев: Следува сериозна сертификација во рамки на процедурата во членството во НАТО

Следува сериозна сертификација што треба да ја поминеме како процес, во рамки на процедурата во членството во НАТО. Тоа е многу важно за безбедноста на нашиот народ и на нашата земја, но важно е и за безбедноста на целиот регион и на сите наши партнери и генерално на Алијансата. Ние веќе поминавме одредени фази на сертификација што беше неопходна уште пред нашето полноправно членство во НАТО, за одредени категории на луѓе кои работеа со документите.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во одговор на новинарско прашање дали трансформацијата на македонската армија се одвива согласно стандардите на НАТО и дали предвидува смена на високи армиски офицери.

-Верувам дека тие процедури подготвени ќе ги поминеме сите во делокругот на она што е прв приоритет кај нас, а тоа е безбедноста, но и достоинственото учество во безбедносниот целокупен систем на НАТО ќе ги спроведеме максимално професионално, затоа што соработуваме со партнерите кои заедно со нашите служби од безбедноста работат на сите детали околу подготовката, процедурите, сертификацијата или т.н. ветинг на луѓе низ кои мора да поминеме сите, рече Заев.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во одговор на новинарско прашање дали има проблем со одобрувањето на воениот претставник на Северна Македонија во НАТО, побарано пред околу десет месеци, вели дека Алијансата има стандарди и упатства и секогаш кога има нова членка, има процедури што треба да се поминат.

-Имаме процес на одобрување или ветинг и тоа трае извесно време додека сите практични прашања да се спроведат. Се држиме до временската рамка, работиме на решавање на преостанатите прашања. Она што е најважно е дека Северна Македонија сега е членка на Алијансата, дека учествува во сите одлуки, седи на масата како рамноправна членка, има рамноправен глас како сите сојузници. Кога учествуваме на министерски состаноци и Северна Македонија е таму заедно со сите земји членки. Кога имаме одбранбен министерски состанок, министерката Радмила Шекеринска ќе биде таму заедно со сите други и таа ќе учествува како полноправна членка. Практични прашања секогаш може да има, но ќе ги решаваме во од, истакна Столтенберг.

The post Заев: Следува сериозна сертификација во рамки на процедурата во членството во НАТО appeared first on Слободен печат.


Заев: Следува сериозна сертификација во рамки на процедурата во членството во НАТО was first posted on октомври 8, 2020 at 6:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....