2.8 C
Скопје
14:09 - 23 декември, 2024

Заев продолжува „службено“ да ги добива дуелите со Мицкоски

Не е рамноправен лидерскиот и политичкиот натпревар помеѓу Заев и Мицкоски, што се одразува и во нивните телевизиски дуели, повторно и на вчерашниот на ТВ24. За неполни три години на власт, во познатите, максимално компликувани внатрешни и надворешно-политички околности, Заев испорача портфолио кое низа други политичари во земјава не успеаја да го адресираат ни за 25 години власт; Мицкоски, пак, главно потфрли не само во сите обиди да ја опструира агендата на Заев, туку потроши речиси три години без ни да започне реформа на сопствената партија, што требаше да му биде многу поважно и од арчењето време на афери и конструкции на скандали за политичкиот противник.

Со такви стартни позиции, ТВ дуелите се претвораат во натпревар во кој „дуќанот на Заев“ на јавноста ѝ го продава она што го има во излогот, а „дуќанот на Мицкоски“ на јавноста ѝ го продава она што треба да го нарачаат на интернет за, можеби, да им се достави по изборите. Затоа се повеќето од одговорите и ставовите на Заев јасни и „опипливи“, додека на Мицкоски се спакувани во „трговски“ флоскули, на кои не се гледа ни датумот на производството, ни земјата на потекло на робата.

Кај Заев плаќаш тоа што го купуваш; кај Мицкоски цената е работа на договор, без право на дополнителни рекламации по испораката на робата. Така е за речиси сите клучни политички прашања, од НАТО и ЕУ, преку договорите со соседите и реформата на правосудството, до ултиматумот на ДУИ за „премиер Албанец“ и конфузијата во ставовите за состојбите со епидемијата.

Што е резултатот од таквата слика што ја добивме и на овој телевизиски дуел?

Оние кои не го сакаат Заев, знаат точно зошто не би гласале за неговата опција на претстојните избори. Оние, пак, кои се двоумат дали да гласаат за коалицијата „Можеме“, не знаат зошто би гласале за коалицијата „Обнова“? Во најдобар случај за опозицијата, се надеваат таквите да не излезат на гласање. Се разбира дека е губитничка таквата опозициска стратегија.

А додека траеше телевизискиот дуел, со писмено обраќање се јави извесниот српско-црногорски бизнисмен за кого опозицијата викендов со објавување на, повторно, опскурни снимки тврдеше дека Заев му барал поткуп – не, тристате илјади евра, пишува бизнисменот, се дадени за „консултантски услуги“ на Кичеец за време на претходната, а не на оваа власт. И тоа за енергетски бизниси во времето кога токму Мицкоски беше важен советник на Груевски во енергетскиот сектор. Галиба, наместо Заев и Рашкоски, не треба ли Мицкоски и Кичеец да ги објаснат своите деловни односи со овој бизнисмен? Не е ли принципот ист како кај „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13?

Така што, Заев продолжува со „службен резултат“ да ги добива телевизиските дуели со Мицкоски.

Всушност, можеби е најпаметно за опозицијата да смислат некаков изговор и да се откажат од понатамошни директни телевизиски дуели меѓу Заев и Мицкоски. Мицкоски не му е дораснат на Заев за дебатен натпревар (па, дури и за економски теми, каде надвикувањето сигурно ќе биде уште поинтензивно), не заради неговите послаби реторички вештини или недостатокот од вербални трикчиња – на пример, станува здодевна онаа истрошена, репетитивна досетка на Мицкоски: „Зошто се нервирате г. Заев?“, секогаш кога противникот ќе го доведе него во дебатен „агол“…

Не, туку затоа што очигледниот недостаток од промислена политика не може да се надополни со празна, дебатна еквилибристика. Не се гои тоа „прасе“ на десет дена пред избори.

The post Заев продолжува „службено“ да ги добива дуелите со Мицкоски appeared first on Слободен печат.


Заев продолжува „службено“ да ги добива дуелите со Мицкоски was first posted on јули 1, 2020 at 8:52 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....