Денеска заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и со Николовски и Груби имавме успешна работна средба на кој прецизиравме рамка за идната соработа на владината коалиција. Меѓу СДСМ и Коалицијата МОЖЕМЕ и ДУИ постигнат е договор за парламентарно мнозинство која 4 години ќе работи осветено. Овој договор ќе биде достапен на разгледување пред највисоките органи на СДСМ и ДУИ во текот на денешниот и утрешниот ден, а СДСМ тоа ќе го направи и пред коалиционите партнери и ДПА, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети која се одржа во Клубот на пратеници.
– Јас сум горд на овој договор кој е пред истекот на 20 уставно загарантирани денови. Во оваа прилика ќе претставам дел од принципите од договоро за влада која ќе ја предводам јас во полн 4 годишен мандат. Квалитетни одговорни и отчетни кадри за ситересори од двете страни, кои ќе испорачааат програрмски определби од договорот, нема да има министри без ресор со исклучок на вицепремиерски функции, да се јакне економскиот стандард и привлекување странски инвестиции, истакна Зоран Заев.
Според Заев, ќе следува неселективна борба со корупцијата, без разлика дали е некој од партија, експерт, познат или не.
– Согласни сме да се спроведе прочистување на правосусдство и проверка на имот на функционери. Постои согласност за отчетност на институциите на сите нивоа, но и да енамалат привилегии на функционерите. Заштита на животната средина и мобилизација на сите државни институции. Се согласиве на политики кои значат зајакнување на иснпекциски служби и касни на загадувачите, нагласи лидерот на СДСМ.
– Борбата со коронавирусот е приоритет најавното здравство преку темелен и транспарентен пристап. Ќе се укине Пржинската влада, унапредување на нов изборен модел за следните избори. На моделите на намалување на администрација за 20 отсто со цел граѓаните а добијат побрзи услуги. Во првите 6 месеци ќе тргнат сите вработени по Раковен договор кои останаа нераспределени. Во Собранието зкаоните ќе се поднесуваат заеднички при што најмалку еднаш на две недели ќе има ден за гласање закони во Собранието за брзи закони и рационализација на работење, потенцираше мандатарот Заев.
The post Заев: Постигнат е договор за коалиција со ДУИ, јас ќе бидам премиер четири години appeared first on Слободен печат.
Заев: Постигнат е договор за коалиција со ДУИ, јас ќе бидам премиер четири години was first posted on август 18, 2020 at 4:17 pm.