Веднаш по усвојувањето на Законот за јавното обвинителство, лидерот на СДСМ Зоран Заев свика итна прес конференција во партиското седиште. На пресот тој рече дека успеале, и дека ставиле уште еден темел на правосудството кое гарантира казнивост на секој кој го прекршил законот.
– Им честитам на 80 пратеници кој ги победија притисоците и гласаа за законот за ЈО. Ова е историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за ЈО гарантира судска разрешница на сите започнати постапки од СЈО и на обвинетите ќе им се суди со докази кои произлегоа од „бомбите“ – изјави Заев.
Тој рече дека политичарите повеќе нема да бидат обвинители.
– Тефтерчињата ќе сведочат за една заробена држава. ВМРО-ДПМНЕ и овој пат не гласаше за европска иднина. „Белиот дворец“ остана да биде заложник на Никола Груевски, а неговиот извршител Христијан Мицковски направи сè да го одбрани криминалот Тие чекор назад, ние три чекори напред. Не запираме со реформите. Сега на потег е ЕУ. Време е да чекориме напред. Почитувани лидери на земјите членки на ЕУ ние нашите ветувања ги исполнуваме, време е и ЕУ да ги исполни своите – изјави лидерот на СДСМ.
Тој за утре во 18 часот ги повика граѓаните на марш наречен „Заедно да чекориме за правда“.
На новинарско прашање дали има вистина во обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието на Македонија немало „чисто“ гласање тој рече:
– Гласањето беше „чисто“ за ЈО бидејќи 80 пратеници го повторија со гласањето за Одбрана. Овие пратеници покажаа дека им е поважна државата од партија. Иако не ни беше услов, со усвојување на Законот за ЈО испраќаме порака дека ние продолжуваме со реформите. На граѓаните им е јасно по кој пат треба да се движат нашите деца – изјави Заев.
The post Заев: Ова е историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат.