6.8 C
Скопје
12:00 - 16 ноември, 2024

Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, ние ќе ги следиме

Доколку ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето право на потпретседател во Собранието тоа ќе го стори и СДСМ. Ова на новинарско прашање денеска од Македонска Каменица го истакна претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на градот во М.Каменица.

Дебатата на оваа тема според Заев била дали да има три или пет потпретседатели, поради што минатиот состав одлучи да има 5 потпретседатели. -Ако се откаже ВМРО- ДПМНЕ, ќе се откаже и СДСМ од своето место за што ќе им се укаже шанса на помалите партии, рече тој.

-Овој пат се утврди бројката на потпретседатели и навистина и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да имат по еден потпретседател, што значи дека тогаш би останале трите места и за помалите политички заедници во државата. Потпретседател на Собранието зема 100 до 150 евра поголема плата, тоа не е за големината на трошокот, веројатно затоа што имаат поголема канцеларија, но денеска секој пратеник има сопствена канцеларија, но суштината е дали го слушаме гласот на граѓанинот. Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече и ние ќе се повлечеме и ќе отстапиме простор на помалите еве, за да биде бројката и помала. Јас внимателно ја слушав нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, тие можат да се повлечат, ќе видиме како ќе постапат, така ќе се однесуваме, поради тоа што на крајот одговорноста е на сите нас, рече Заев

Тој изрази надеж оваа генерација на политичари е првата, која вети рационализација на администрацијата.

-Токму заради штедењето на парите кои ги нема бесконечно е и наше право и обврска да кажеме каде најпотребно ќе ги релоцираме тие пари. Затоа и ги намаливме и ресорите на Владата од 26 сега се 19 министри, ќе имаме спојување на многу институции и нивна рационализација да ја покачиме ефикасноста на самата јавна администрација и на институциите кои постојат, додаде Заев од Македонска Каменица, каде со дел од идните министри присуствуваше на свеченоста по повод тројнипот празник во Општината.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието, тоа е непотребен трошок кој ќе го плаќаат граѓаните

 

The post Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, ние ќе ги следиме appeared first on Слободен печат.


Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од своето место за потпретседател, ние ќе ги следиме was first posted on август 28, 2020 at 11:32 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....