07:39 - 5 мај, 2024

Од ураганот Лаура настрадаа шест лица, ветрот достигна брзина и до 240 километри на час (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најсилните урагани кои некогаш ги погодиле САД, во четвртокот ја опустоши сојузната држава Луизијана, носејќи најмалку шест човечки животи и нанесувајќи големи материјални штети, задржувајќи ја моќта минувајќи стотици километри кон копното, пренесуваат во локалните медиуми.

За целосна процена на штетите нанесени од ураганот кој достигна категорија 4 според својата моќ, веројатно ќе бидат потребни денови, проценуваат властите. Но и покрај трагите од оштетените стотици објекти и тоа што повеќе од 875.000 луѓе останале без снабдување со електрична енергија, властите чувстуваат олеснување бидејќи не се остварија апокалиптичните прогнози за налетот на Лаура.

Фото: EPA-EFE/DAN ANDERSON

Четири од жртвите заганале кога врз нив паднало дрво, а меѓу нив е и 14-годишно девојче.

„Загрижен сум дека ќе пронајдеме уште жртви кога ќе излеземе надвор во потрага и спасување. Се надевам, се молам дека нема“, изјави гувернерот на Лузијана, Џон Бел Едвардс.

Додаде дека државата не ги претпрела катастрофалните штети кои ги предвидувале, но дека сепак штетите се „огромни“. Медиумите јавуваат за апокалиптични призори со однесени покриви на куќи, искорнати столбови и стебла, оштетени мостови, а на локалните аеродроми помалите авиони биле превртени.

EPA-EFE/DAN ANDERSON

Локалното население го опишува пејзажот како да „минале илјада торнада“ и оти невремето со „татнеж на млазен авион“ предизвикало целосно „да исчезнат некои куќи кои до вчера постоеја“.

Според Едвардс, станува збор за најмоќниот ураган што ја погодил Луизијата во последните 150 години, надминувајќи ја според разорната моќ дури и Катрина која беше категоризирана во ураган од категорија 3 кој ја погоди дражвата во 2005 година.

Најголемата брзина на ветровите кои ја придружувале Лаура низ Лузијана од 150 километри на час, ја ставаат во редот на рекордните бури во во САД. Дури по 11 часа Лаура ослабела од ураган во тропска бура преминувајќи ноќта кон петокот кон соседната сојузна дражава Арканзас.

EPA-EFE/DAN ANDERSON

Ураганот иако ослабен таму веќе во првите часови ја нарушил работата на системите за снабдување со електрична енергија па без струја останале 300.000 жители на Арканзас, изјави за CNN, гувернерот Аса Хатчинсон.

„Ситуација ќе продолжи да биде вистински опасна во следните 24 часа. Го предупредуваме населението и го замолуваме да остане претпазливо, да внимава на својата безбеднсот дури и откако ќе минат дождовите и поплавите“, рече Хатчисон според чии сознанија досега не се пријавени жртви или исчезнати во невремето.

Главниот удар на Лаура се случи во државите Лузијана и Тексас, кои се граничат со Арканзас на југот. Според последните процени на Националниот центар за следење на ураганите (NHC), бризината на ветерот во метео-системот на ова невреме бил 22,3 метри во секунда. Атмосферската појава се движела во североисточна насока меѓу државите Луизијана и Арканзас со брзина од 6,7 метри во секунда.

EPA-EFE/DAN ANDERSON

Во четвртокот вечерта Лаура, дотогаш категоризирана како ураган од категорија 4 од можните 5 степени според Сафир-Симпсоновата скала, стаса до бреговите на Лузијана и Тексас.

Сезоната на урагани на Атлантикот вообичаено трае од почетокот на јуни до крајот на ноември. Атмосферските појави како оваа се класифицираат како тропска бура и го добиваат своето име доколку брзината на ветрот во неа достигне околу 17,5 метри во секунда, а кога бризната на ветрот достигнува 33 метри во секунда и повеќе, бурата прераснува во ураган.

На американскиот брег му се заканува, во помала мерка, и Марко кој во неделата ослабе во бура. Извонредно ретко се слулчува два урагана или две слични метеоролошки појави да доаѓаат толку блиску една до друга во Мексиканскиот залив, велат стручњаците. Периодот на урагани на Атлантикот, кој официјално трае од 1-ви јуни до 30-ти ноември, годинава може да биде многу период. Центарот очекува 25 циклони од кои 12 кои се класифицираат како Лаура и 13 како Марко.

The post Од ураганот Лаура настрадаа шест лица, ветрот достигна брзина и до 240 километри на час (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Од ураганот Лаура настрадаа шест лица, ветрот достигна брзина и до 240 километри на час (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 28, 2020 at 10:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....