2.8 C
Скопје
13:56 - 23 декември, 2024

За Македонците нема влез во земјите на ЕУ до септември

Димпломатски извори од Брисел потврдија дека амбасадорите на земјите членки на ЕУ одлучија да не ја вратат Србија на списокот на земји на кои им е дозволено да патуваат во ЕУ врз основа на подобра епидемиолошка состојба. Новата ажурирана листа не вклучува нови земји, ниту земји од Западен Балкан, пренесува српски „Танјуг“.

Тоа значи дека Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од Европската Унија.

Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што, само се потврди претходната одлука. Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат вон ЕУ се донесуваа на секои две недели, денешната одлука е за период од еден месец, до септември.

Според „Танјуг“, нема да има нови сесии на амбасадорите на ЕУ во текот на следниот месец, а списокот ќе се ажурира како прашање на итност, само во случај на драстична промена на епидемиолошката состојба на земјите од Западен Балкан.

The post За Македонците нема влез во земјите на ЕУ до септември appeared first on Слободен печат.


За Македонците нема влез во земјите на ЕУ до септември was first posted on јули 29, 2020 at 9:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....