Надлежните од Вухан, градот во кој изби епидемијата на коронавирусот, го коригираа бројот на оние кои починале од вирусот Ковид-19 и додадоа уште 1.290 жртви. Вкупниот број на починати е 3.869, соопштија градските власти, наведува „Си-Ен-Ен“. Вухан исто така го ревидираше и бројот на заболени, па со додадените 325 случаи до сега вкупно се заразени 50.333 луѓе.
Надлежните нагласиле и дека овие измени ги внеле за да покажат „одговорност кон историјата, луѓето и жртвите“, како и да обезбедат „отвореност транспарентност и точност на податоците“.
Овие нови податоци се резултат на широка работа која вклучува бројни владини агенции и институции.
Како причина за ревидирање на податоците се наведува и дека во почетната фаза еден број пациенти починале во своите домови заради недостаток на медицинска терапија, додека за време на пикот на пандемијата здравствените работници биле преоптоварени со дневните обврски и фокусирани на лекувањето, заради што и доценеле извештаите, за често имало и погрешно запишани податоци.
Меѓу другото, нагло пораснал и бројот на медицински установи кои се водени на различни нивоа и податоците доснеле или не се согласувале.
Како една од причините се наведува и дека нецелосните извештаи за смртните случаи дополнително се коригирани а понегогаш биле и повторувани.
The post Вухан го корегираше бројот на починати од коронавирусот: Уште 1.290 жртви додадени во официјалната статистика appeared first on Слободен печат.