-2.2 C
Скопје
21:24 - 24 ноември, 2024

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Хрватската полиција обвинета за „ужасни“ напади врз мигранти на Балканската рута

Серија брутални напади врз мигранти е забележана на границата меѓу БиХ и Хрватска, а покрај тепањето и грабежот на нивниот имот, пријавен е и еден случај на сексуално злоупотребување, пишува британскиот весник Гардијан.

Мигранти чекаат влез во Хрватска / Фото: ELVIS BARUKCIC / AFP / Profimedia

Според извештаите на Данскиот совет за бегалци, кој се темели на сведочења на мигранти кои биле мета на напади меѓу 12 и 16 октомври, сторителите се припадници на хрватските полициски сили.

Припадник на полицијата ги надгледува мигрантите / Мигрантски камп Липа / Септември 2020 / Фото: ELVIS BARUKCIC / AFP / Profimedia

Хуманитарните работници ги опишаа фотографиите и медицинските досиеја за нападите како „болни“ и „шокантни“.

– Сведоштвата собрани меѓу жртвите на насилно враќање се застрашувачки – рече генералниот секретар на данскиот совет за бегалци, Шарлот Слент.

Фото: Danish Refugee Council

Таа изјави дека повеќе од 75 мигранти пријавиле „нехуман третман, тепање, па дури и сексуално злоупотребување“ за една недела.

Според мигрантите, насилното враќање се одвива на хрватска територија, во близина на пограничниот град Велика Кладуша во БиХ, поточно населбата Шиjковача, каде што има импровизирана населба со шатори, во која се засолниле околу 700 бегалци и мигранти.

– Сите лица кои разговарале со претставниците на Данскиот совет за бегалци имале видливи рани, односно модринки и посекотини, како резултат на насилството што, според наводите, го извршила хрватската полиција. Според изјавите на интервјуираните жртви, со видливи докази за повреди, насилното враќање вклучува брутално и крајно насилно однесување, деградирачки третман, како и грабеж и уништување на лични предмети – се наведува во извештајот на оваа хуманитарна организација.

Пример за сексуална злоупотреба е забележан во делот на извештајот заснован на сведочењето на група авганистански мигранти, според Гардијан.

Весникот наведува дека групата ја преминала хрватската граница од територијата на БиХ, во близина на населбата Штурлиќ, а неуниформиран полициски службеник ги пресретнал во близина на Ново Село, повикал на засилување, а потоа биле однесени во полициската станица. Два дена подоцна, тие беа однесени на суд, каде им беше кажано дека ќе бидат сведоци во случајот против еден член на нивната група, кој избегал и кој беше обвинет за насилно однесување кон полицијата.

Мигрантите му рекоа на Данскиот совет за бегалци дека полицијата потоа ги одвела на непозната локација и ги ставила во комбе каде ги пречекале десет вооружени мажи, облечени во црно, со покриени лица, со воени чизми и со фарови. Според истото сведоштво, на мигрантите им биле одземени парите, нивниот имот е уништен и им било наредено да се соблечат и да легнат со лицето свртено кон подот.

Фото: Danish Refugee Council

– Човек во црно стоеше на рацете на жртвата, спречувајќи какво било движење. Нозете исто така беа држени. Ако лицето се помрдне, тепањето би започнало – се наведува во извештајот, во кој се наведува дека медицинските наоди потврдиле дека раните се предизвикани од удари на камшик.

Мигрант чии иницијали се М.К. тврди дека едно од овие лица го нападнало сексуално користејќи гранка.

Лекар во Велика Кладуша, Мустафа Хоџиќ, потврди дека мигрантот има рани на грбот и нозете и дека има јасни знаци на сексуално злоупотребување.

– Никогаш не сум видел такво нешто. И покрај тоа што не ми е прв пат како лекар да ги гледам трагите на сексуално злоупотребување врз мигранти, што според нивните тврдења, го извршиле на хрватска територија хрватски службеници облечени во црни униформи – рече Хоџиќ.

Фото: Danish Refugee Council

Извештајот содржи и сведоштво на пакистански мигрант кој зборува за тепање на група мигранти, вклучително и малолетници.

Британскиот весник потсетува на случајот за кој пишуваа во мај годинава, кога група од околу триесет мигранти, според нив, биле ограбени од припадници на хрватската полиција, а на главите им биле нацртани крстови.

Данскиот совет за бегалци испрати претходни извештаи за наводно насилно однесување кон мигрантите до Европската комисија, со цел да се испитаат овие ситуации.

– Хрватските власти и Европската комисија мора да дејствуваат за да се запре систематската употреба на насилство. Третман на човечки суштества на овој начин, нанесување силна болка и предизвикување непотребни страдања, без оглед на нивниот статус на мигрант, не може и не треба да биде прифатен во ниту една европска земја или од која било институција на ЕУ. Постои итна потреба да се обезбедат независни механизми за набудување на границата, со цел да се спречат овие злоупотреби – нагласи Слент.

Фото: Danish Refugee Council

Британскиот весник не доби коментар од хрватската полиција или хрватското Министерство за внатрешни работи за последните обвинувања за злоупотреба на мигранти.

Во јуни, Гардијан откри дека официјални претставници на ЕУ биле обвинети за „срамно“ прикривање докази за неуспехот на хрватската влада да ги надгледува граничните сили.

(Извор:Гардијан)

Амнести тврди дека хрватската полиција ги тепа мигрантите кои бараат азил, има и снимки

The post ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Хрватската полиција обвинета за „ужасни“ напади врз мигранти на Балканската рута appeared first on Слободен печат.


ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Хрватската полиција обвинета за „ужасни“ напади врз мигранти на Балканската рута was first posted on октомври 21, 2020 at 2:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....