19.8 C
Скопје
16:31 - 4 мај, 2024

Наставниците „во немилост“ на препишувачите

Бирото за развој на образованието достави препорака до сите училишта, оценувањето на учениците да биде онлајн преку платформата. Причина за ова е влошената епидемиолошка состојба.

„Предвидени се средби со физичко присуство, на кои учениците треба да се тестираат, но поради влошувањето на епидемиолошката состојба, а за да се заштити здравјето на учениците и на наставниците, доставиме допис до сите училишта со препорака оценувањето да се одвива на далечина преку платформата на која се изведува наставата. Оние наставници што не можат да утврдат оценки, можат да организираат средби на кои ќе ги видат постигнувањата и ќе утврдат оценка“, велат од Бирото за порталот Факултети.мк.

Од Министерството за образование и наука, пак, од претходно преку соопштение информираа дека има упатство за наставниците, според кое оценувањето може да биде комбинирано – наставникот да го оцени ученикот за неговото учење на далечина, а по потреба може да организира и средби со ученици, на кои ќе мора да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19: средбите со учениците ќе траат од 20 до 30 минути, а на нив може да присуствуваат најмногу до 10 ученици.  Првите оценки треба да бидат формирани до 20 ноември.

МН: Колку онлајн оценувањето ќе биде реално?

Дел до професорите и наставниците сметаат дека онлајн оценувањето на учениците нема да биде многу ефикасно и реално.

-Со оглед наусловите што ги имаме со епидемиолошката слика, онлајн оценувањето на учениците ќе биде најповолно, но не можеме да зборувамеи за најреален метод. Децата се способни на сѐ и сешто кога не ги гледаме, иако тие што се заинтересирани да учат, без разлика на кој начин се одвива наставата, секако ќе научат – вели наставничката по информатика Билјана Николова.

Таа смета дека покрај онлајн, потребно е, доколку тоае возможно, учениците да се појават на консултации со физичко присуство, за подобро да се следи нивната состојба.

Наставничката по македонски јазик Билјана С. Дивјаковска смета дека во вакви услови и онлајн оценувањето би можело да биде добра замена.

-И онлајн оценувањето може да биде реално. Освен усно одговарање, онлајн оценувањето може да се одвиваи преку тестови кои ќе се формираат на Мајкрософт тимс. Преку овие тестови прашањата ќе бидат измешани, а ученикот ќе има право само еднаш да одговори на прашањето, па во тој случај нема договарање или преговарање. Во заднина на тестот постои и ограничување, односно за колку време требада се заврши тестот. Секако дека, доколку постои можност, одредени групи деца би можеле да доаѓаат физички и така да ги оцениме, но верувам дека и онлајн оценувањето успешно ќе функционира – вели Дивјаковска.

Царовска: Постои можност наставниците да држат часови од дома

Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека постои можност наставниците да држат онлајн часови од своите домови, за да немора да се загрева цела училница за еден наставник.

-Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди. Кога ќе ја донесеме одлуката, ќе ја информираме јавноста – изјави Царовска.

Нема екскурзии, учениците само на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат и за тоа се испратени упатства од Бирото за развој на образованието, рече министерката Царовска.

– Учениците може да имаат прошетка, движење, заедно со наставниците до пет километри. Од друга страна, она што се случува од минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите, сметам дека има уредби, а Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери што ќе може да се користат во наредниот период и тоа сигурно се случило. Јас ги повикувам директорите на училиштата кои се одговорни за екскурзиите, да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари од лани ќе им бидат вратени. Годинава екскурзиите не се дозволени – истакна Царовска.

The post Наставниците „во немилост“ на препишувачите appeared first on Слободен печат.


Наставниците „во немилост“ на препишувачите was first posted on октомври 21, 2020 at 2:33 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....