4.8 C
Скопје
20:49 - 27 ноември, 2024

Во викендот без ДДВ продавачите треба да добијат празнична дневница

Додека во регионот и во светот се прават големи напори што повеќе работниците да имаат време за себе и за своето семејство, мерката „Викенд без ДДВ“ може да донесе сосема спротивен ефект во Македонија, односно и тие што не работеа во викенди, да проработат.

Но, ако се почитува законската регулатива, продавачите што во претстојниот викенд ќе бидат пренатрупани со работа, за прекувремената работа, како и работата на празникот 11 Октомври, треба да бидат дополнително платени. Ова значи дека трговците може да се надеваат на поголем промет, но треба и да резервираат повеќе пари за работниците, а Трудовиот инспекторат треба да исконтролира дали работниците ги добиле парите што им следуваат според закон.

Според изјавата на премиерот Зоран Заев, станува збор само за еден продолжен викенд, односно за 10-ти, 11-ти и 12-ти октомври, кога ќе може да се купува без ДДВ.

– Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги, или компјутери и друга ИТ-опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, а во рок од неколку денови ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ. Со оваа мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари што ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ – рече Заев презентирајќи го четвртиот пакет. 

Викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Според законската регулатива, работната недела трае 40 часа и на работникот му следува еден ден за неделен одмор. Така, ако некој работи секоја сабота, треба преку неделата да работи помалку од 8 часа дневно. Според Општиот колективен договор за приватниот сектор, за секој час прекувремена работа, работникот треба да биде платен, а покрај основната саатнина, износот мора да се зголеми за 35 проценти. За работа во ден за неделен одмор, покрај дневницата треба да има зголемување на износот за 50 проценти. Дополнителни пари, според регулативата, работниците мора да добијат и за неработни денови и празници, утврдени со закон. Притоа, работодавачот покрај дневницата што би ја исплатил и доколку тие не би оделе на работа, како за платен неработен ден, дополнително треба да им исплати уште една дневница зголемена за 50 отсто. Значи, ако на еден работник дневницата му е 1.000 денари, тој ако не оди на работа ќе си добие 1.000 денари, а ако оди на работа ќе добие 2.500 денари.

За мерката „Викенд без ДДВ“ има реакции и во однос на тоа дека за време на пандемија со ковид-19, таа може да предизвика големи турканици и ширење на вирусот.

The post Во викендот без ДДВ продавачите треба да добијат празнична дневница appeared first on Слободен печат.


Во викендот без ДДВ продавачите треба да добијат празнична дневница was first posted on септември 28, 2020 at 12:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....