Како што пренесуваат странските агенции, стотици демонстранти се собрале на главниот плоштад кои протестираат против политичката елита која ја обвинуваат за економската и политичката криза во земјата, како и за неодамнешната катастрофална експлозија во пристаништето.
Либанската полиција вечерва употреби солзавец против демонстрантите кои силите на редот ги гаѓаа со камења блокирајќи го патот недалеку од парламентот во центарот на Бејрут, на втор ден од протестите против Владата.
#BREAKING: Riots continuing in #Beirut, #Lebanon!#beirutprotests #Beirutprotest #BeirutBlast #BeirutExplosion #BeirutInOurHearts #Beyrut #Beyrout #Lebanon_Explosion #Lebanese #pazar #sundayvibes #Israel #Iran #2020worstyear #Beyrouth #LIBANON pic.twitter.com/Ygi190B9pH
— Faruk Firat (@FarukFirat1987) August 9, 2020
Пожар избри на влезот од плоштадот пред парламентот, додека демонстрантите се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон.
Демонстранитите исто така провалија и во просториите на Министерството за станбени прашања и сообраќај.
Just as #Beirut protesters break down the Parliament barricade, police reinforcements arrive to push them back.#beirutprotests #BeirutBlast pic.twitter.com/2iNOFx1TtG
— Lavrans (@Skipsvrak) August 9, 2020
„Сакаме да ја уништиме владата. Тие не ни даваат ни работа и ни го ускратуваат правото“, рече Нисан Грави, 19-годишен демонстрант.
Еден полицаец беше убиен во судирите меѓу полицијата и демонстрантите вчера, а демонстрантите упаднаа во неколку министерства, како и во банкарското здружение.
Според најновите податоци, во експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут загинаа 158 лица, а повредени се повеќе од 6.000, додека 21 лице се водат како исчезнати.
The post Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Во Бејрут втор ден насилни протести, пожар пред парламентот, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО) was first posted on август 9, 2020 at 7:50 pm.