1.8 C
Скопје
17:19 - 23 декември, 2024

Влијанието на коронавирусот врз рејтингот на лидерите: Кој е попопуларен, а кој ја изгуби довербата на народот?

Најновата анкета меѓу Американците покажала дека рејтингот на претседателот Доналд Трамп околу 42 проценти, речиси на она ниво на кое бил во последните неколку месеци, односно пред избивањето на епидемијата на коронавирусот.

Анкетата е спроведена од Центарот за истражување на јавните работи на агенцијата АП.

Трамп, инаку, секој ден ги изнесува реакциите, односно новите мерки на државата за коронавирусот.

Фото: EPA / Molly Riley

Истовремено, повикувајќи се на друго истражување, 46 отсто од Американците ја одобруваат политиката на претседателот за време на кризата предизвикана од коронавирусот, а 51,5 отсто не ја одобруваат, што е за пет отсто повеќе „негативни“ отколку пред пандемијата.

Трамп по многу работи е специфичен лидер, па и по овој параметар, ако се верува на истражувачите на јавно мислење, кои наведуваат дека популарноста на лидерите во вонредна ситуација расте, бидејќи преземаат најголема одговорност.

Тоа се случува, на пример, во Канада.

Популарноста на премиерот Џастин Трудо скокна за време на епидемијата на Ковид-19 за околу 20 отсто, и моментално има поддршка од 54 отсто од граѓаните, додека во февруари тој процент изнесуваше 33.

Според истражувањето на агенцијата Ангус Реид, Трудо толку висока поддршка имал последен пат во јуни 2017 година.

Неговата партија истовремено има поддршка од 29 отсто од Канаѓаните.

Кога станува збор за претседателот на Русија, Владимир Путин, податоци од истражувањето на неговиот рејтинг во јавноста засега нема, а неговиот портпарол Дмитириј Песков вели дека шефот на руската држава воопшто не го загрижува дали мерките кои ги вовел ќе влијаат на неговиот рејтинг, бидејќи како што вели Песков, борбата против коронавирусот е моментално приоритет.

Фото: dmitry astakhov / EPA

Во Велика Британија 44 отсто од граѓаните сметаат дека британската влада добро раководи со кризната ситуација, додека 30 отсто не се задоволни, покажуваат резултатите на истражувачката агенција Опиниум.

Во премиерот Борис Џонсон, кој и самиот беше заразен со коронавирусот и уште закрепнува, веруваат 36 отсто од британцијата, 37 отсто веруваат во министерот за здравје Мет Хенкок, 59 отсто својата судбина би ја ставиле во рацете на главниот научен советник на британската влада Крис Вити, а 55 отсто најмногу веруваат во претседателот на СЗО.

Сепак нема компаративни податоци кога станува збор за рејтингот на Џонсон пред корона кризата и сега, меѓутоа неговиот рејтинг пред кризата секако доминантно зависеше од односот на Британците спрема Брегзит и неговата политика за тоа прашање.

The post Влијанието на коронавирусот врз рејтингот на лидерите: Кој е попопуларен, а кој ја изгуби довербата на народот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....