3.8 C
Скопје
21:46 - 20 декември, 2024

Вкупно 16 оздравени и 22 нови случаи со Ковид-19 во последните 24 часа во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-8, Прилеп-2, Струга-2, Велес-2, Гостивар-1 и Кратово-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 601, активни 134
• Куманово – 414, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 1
• Прилеп –197, активни 65
• Тетово – 137, активни 74
• Струга – 69, активни 4
• Велес – 114, активни 48
• Битола –26, активни 7
• Охрид –18, активни 3
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1

Направените 462 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –10, Биотек -35, Филип Втори (Жан Митрев) –94, Систина со PCR метода -4 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 6 пациенти, од кои 4 се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

The post Вкупно 16 оздравени и 22 нови случаи со Ковид-19 во последните 24 часа во земјава appeared first on Слободен печат.


Вкупно 16 оздравени и 22 нови случаи со Ковид-19 во последните 24 часа во земјава was first posted on мај 16, 2020 at 11:43 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....