02:48 - 7 ноември, 2026

И пречел лакот за нокти на келнерката – Водителката ја разбесни јавноста, а приказната од нејзините вработени го покажа нејзиното вистинско лице

Познатата телевизиска водителка пред камерите секогаш е насмеана и расположена, меѓутоа, кога ќе се угасат тие, таа, како што велат нејзините вработени, воопшто не е таква.

Имено, Елен Деџенерис секоја своја емисија ја завршува со љубезни поздрави и со насмевка. Но, „The York Post“ пишува дека таа не е секогаш таква каква што ја гледаме на малите екрани.

„Ме нервира тоа што луѓето мислат дека е слатка и дека се прави со леснотија – призна нејзин поранешен вработен, кој смета дека Елен, освен што е најбогатата комичарка на светот, исто така е и најбезобразната“.

Исто така, се појавија се повеќе Твитови во кои ја напаѓаат поради тоа што се жалела на лакот за нокти на една келнерка во ресторан во Лас Вегас и наредила оние кои се пониска класа да не остваруваат контакт очи во очи со неа.

„Бев возбудена кога ја видов Елен, знаев дека прави нешто што е поврзано за мене, па си помислив дека можеби сака да ме повика во својата емисија. Но, таа всушност му се жалеше на мојот работодавец за мојот лак за нокти. Не можев да верувам“, изјавила тогаш келнерката.

На неа се пожали и нејзиниот поранешен телохранител Том Мајерчек кој изјави дека Елен е непријателски расположена.

„Елен само намуртено ќе ме погледнеше, не знаеше да каже ниту „здраво“ или пак „фала што ги чуваш мојата мајка, жена и мене“. Беше многу ладна и ги понижуваше сите луѓе кои не се наоѓаат во нејзиниот близок круг или пак оние кои не се исто успешни како неа“, изјави Том.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....