1.8 C
Скопје
15:56 - 23 декември, 2024

ВИДЕО | Андоновиќ: Обичните луѓе и случајните минувачи стануваат цел на терористите

Четири убиени и 17 повредени од кои седум потешко, е билансот од синоќешниот терористички напад изведен во близина на централната Синагога во Виена. Меѓу тешко повредените е и еден полицаец, кој сè уште е во критична состојба.

Иако австриските медиуми јавуваа за седум мртви, надлежните потврдија дека во нападот во центарот на Виена биле убиени три лица, а полицијата застрелала и еден напаѓач. Според последните информации австриската армија добила наредба да ја преземе заштитата на виталните објекти и локациите во Виена.

По нападот австриската полиција тргна во широка акција и влегуваше и во домови. Министерството за внатрешни работи утрово потврди дека биле извршени претреси во неколку станови кои се поврзани со убиениот напаѓач. Според австриските медиуми, уапсени се неколку лица.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер, соопшти дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Официјални лица одбија да го откријат идентитетот на осомничениот бидејќи сè уште траат истраги, а полицијата не ја исклучи можноста други напаѓачи да се сè уште во бегство. Исто така, полицијата ги повика луѓето да на излегуваат од дома.

Австриските власти синоќа повеќе пати апелираа до граѓаните да не се споделуваат видеа или фотографии на социјалните мрежи од инцидентот, бидејќи нивната веродостојност не е потврдена и може да биде причина за груба дезинформација и манипулација.

Осуди за инцидентот доаѓаат од сите страни, а нападот се случува на само неколку дена по терорстичкиот акти извршен во францускиот град Ница каде 21 годишен напаѓач со потекло од Тунис обезглави една жена и уби уште две лица во црква во Ница.

Човекот неодамна влегол во Франција од Италија, како емигрант кој бил згриожен од Црвениот крст. Неколку часа по нападот во Ница, полицијата застрелала маж кој со пиштол им се заканувал на минувачите во близина на Авињон.

И нападот во Ница како и синоќешниот впо Виена се оценува како терористички акт, кој беше осуден од целата меѓународна јавност. Нападите се случуваат во време на растечката Ковид Пандемија , која доволно веќе внесе страв кај граѓаните на европските држави. Овие напади дополнително ги вознемиуруваат граѓаните, а австриската полиција апелираше жителите во Виена да останат дома..

Најновите напади во Ница и Виена само укажуваат дека целта на терористите се цивилни мети и обични минувачи, а најверојатно имаат за цел да внесат стртав и несигурност на обичните граѓани.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од Виена: Терористите пукаа во случајни минувачи низ центарските улици, граѓаните трчаат во паника

ВИДЕО: Бројот на повредени во терористичкиот напад во Виена се зголеми на 17

ВИДЕО: Бројот на повредени во терористичкиот напад во Виена се зголеми на 17

Ван Дер Белен: ќе ги браниме нашите слободи и демократија со сите средства

The post ВИДЕО | Андоновиќ: Обичните луѓе и случајните минувачи стануваат цел на терористите appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Андоновиќ: Обичните луѓе и случајните минувачи стануваат цел на терористите was first posted on ноември 3, 2020 at 10:05 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....