Властите во Велика Британија ги повикаа постарите лица, Афроамериканците и Азијците, да се пријават за учество во клиничките испитувања за вакцината против Ковид-19.
Учеството на овие волонтери треба да придонесе за пронаоѓање вакцина што би била ефикасна и за припадниците на групите со висок ризик, пренесе „Ројтерс“.
ЕУ постигна договор: Купува 300 милиони дози вакцина од Велика Британија
Британското Министерство за економија соопшти дека досега повеќе од 100.000 луѓе се пријавиле да учествуваат во клиничките испитувања на вакцината против коронавирус, но дека е неопходно да се ангажираат поголем број волонтери од различни профили, особено оние кои припаѓаат на групи со висок ризик.
На тој начин би можело да се утврди дали вакцината е еднакво ефикасна за сите и дали ќе може да обезбеди заштита од вирусот и за оние на кои се најзагрозени, објави британската работна група за вакцини.
Британската влада особено апелира во клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот да се вклучат лица постари од 65 години, медицински работници кои се во првите редови во борбата против пандемијата, Афроамериканците и Азијците.
Што се наоѓа во Оксфорд вакцината која треба да нѐ заштити од коронавирусот?
Учесник во тестирањето на Оксфорд вакцината сведочи за своето искуство
The post Велика Британија повикува високоризични доброволци да се тестираат на Ковид-19 appeared first on Слободен печат.
Велика Британија повикува високоризични доброволци да се тестираат на Ковид-19 was first posted on август 17, 2020 at 9:25 am.