-2.2 C
Скопје
07:48 - 23 декември, 2024

Вархеји: Македонската Влада да се вложи во дијалог со Бугарија за да се надминат споровите

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска изјави дека им порачал на претставниците на македонската Влада дека треба да вложат во директен дијалог со Бугарија со цел надминување на споровите, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Работиме рака под рака со бугарските и македонските власти, ги примив министерот за надворешни работи и вицепремиерот минатата недела и ги охрабрив да се ангажираат со нивниот сосед, бидејќи станува збор за взаемен интерес да се изнајде решение кое е прифатливо решение за двете страни, рече Вархеји.

Тој потврди уште еднаш дека целта на Европската комисија, како и на германското претседателство, е да се одржи првата Меѓувладина конференција, односно отворањето на првите поглавја на преговори, до крајот на оваа година.

-Сѐ уште целиме на одржување на првите меѓувладини конференции под германско претседателство (до 31 декември, н.з.), тоа е пораката што ја пренесов до Европскиот Парламент и тука, уште имам надеж дека е возможно, изјави Вархеји одговарајќи на новинарско прашање за Албанија и Северна Македонија.

Комесарот додаде дека овие извештаи за реформскиот напредок, први откако тој е на оваа функција, се изготвени врз база на факти и информации од сите релевантни чинители.

-Се надевам дека со ова Советот ќе може да оди напред и да постигне договор за преговарачките рамки за двете земји, порача еврокомесарот за проширување.

Тој на прес конференцијата го презентираше и Економскиот и инвестициски план за западниот Балкан, објавен заедно со извештаите за земјите.

За Европската комисија овој план е знак дека се зголемува европскиот ангажман во регионот, не само во делот на реформите, туку и во делот на приближувањето на економските стандарди со оние на ЕУ, посебно со оглед на кризата предизвикана од Ковид-19.

Со девет милијарди од Претпристапниот инструмент и дополнителни потенцијални 20 милијарди јавни и приватни инвестиции преку Гаранцискиот фонд за западен Балкан, Европската Комисија се надева дека ќе донесе опипливи промени на терен за државите и за граѓаните во наредните пет до шест години рече Вархеји.

-Очекуваме од овој план да произлезе раст од 3,6 отсто БДП, додаде комесарот.

Планот има за цел да го поврзе западниот Балкан со ЕУ и меѓусебно на поефикасен начин преку патишта и железници кои ќе ги поврзат сите престолнини во регионот, а паралелно да се инвестира во зелената транзиција, преку намалување на употребата на јаглен и лигнит.

Енергетската транзиција би требало да помине преку гас и хидроген, што, според студиите, би овозможило намалување од 60 отсто на штетни стакленички емисии во регионот.

Аерозагадувањето, обновливите извори на енергија, хидроелектрични проекти, фотоволтаици и подобро управување со отпадот се меѓу главните области со кои треба да се справат земјите од регионот со помош на ЕУ.

Дигиталната транзиција од своја страна како друг столб на овој План треба да овозможи да се сопре одливот на мозоци од регионот, да се инвестира во образованието, но и да се инвестира во потребната инфраструктура. 

The post Вархеји: Македонската Влада да се вложи во дијалог со Бугарија за да се надминат споровите appeared first on Слободен печат.


Вархеји: Македонската Влада да се вложи во дијалог со Бугарија за да се надминат споровите was first posted on октомври 6, 2020 at 6:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....