18.8 C
Скопје
20:12 - 1 мај, 2024

Утврдување на причините, па потоа решение за кризата – Путин и Ердоган денеска разговараат за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Москва ќе се обидат да изнајдат решение со кое ќе ја намали напнатоста и тензиите во Сирија, што се заканува да прерасне во отворен судир меѓу Русија и Турција.

Состанокот се случува во време кога Турција има десетици загинати војници, како резултат на вооружените судири со сириските сили за безбедност помогнати од руската авијација.

Турската армија во моментов ја спроведува воената операција во реонот на Идлиб во исто време кога сириските сили се во воена офанзива, во чистењето на упориштата на бројните теорористички групи и вооружената сириска опозиција.

Токму сириската опозиција е помогната од турската армија, која има за цел да помогне во рушењето на власта на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Од друга страна, Асад ужива голема поддршка од Москва која во Сирија има свои воени сили кои им пружаат воздушна поддршка на трупите на теренот.

Ескалацијата на тензиите во дипломатските односи меѓу Анкара и Москва доаѓа како резултат на хаосот на теренот и различните интереси околу иднината на Сирија.

Москва гледа сојузник во актуелниот претседател Асад и му помага да се одржи на власт. Анкара пак ја поддржува сириската опозиција која со оружје сака да го урне Асад и да воспостави своја власт во Дамаск.

Во пресрет на денешната средба турскиот претседател Ердоган изрази надеж дека денска со Путин ќе успеат да договорат прекин на воените дејствија во областа Идлиб во Сирија.

Официјална Москва пак денеска кратко соопшти дека очекува на состанокот двајцата претседатели да утврдат заедничките позиции околу утврдување на причините за оваа криза, па потоа и заедничко делување за нејзиното решавање.

Една од опциите за исходот на средбата е Путин да побара од Ердоган да го прекине военото делување во Сирија.

Победата во Сирија за Путин преставува јакнење на меѓународниот углед на Русија како и неговиот личен углед како моќен лидер кој не е подготвен за отстапки и компромиси.

The post Утврдување на причините, па потоа решение за кризата – Путин и Ердоган денеска разговараат за Сирија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....