-0.2 C
Скопје
21:33 - 25 ноември, 2024

Угледното научно списание открива: Дали маските се корисни во борбата против коронавирусот?

Највлијателното и најрелевантно научно списание во светот „Nature“, објави статија со која се обидува да го разјасни прашањето кое многу го поставуваат: постојат ли конкретни докази за влијанието на маските во борбата против коронавирусот?

Кога нејзините дански колеги прв пат предложиле дистрибуција на заштитни маски на луѓето во Гвинеја-Бисао за да се запре ширењето на коронавирусот, Кристин Бен не била убедена во ефикасноста на оваа мерка.

„Реков дека тоа би можело да биде добро, но дека има многу малку податоци за тоа колку маските се навистина ефикасни“, вели Бен, истражувачка за глобално здравје на Универзитетот во Копенхаген, пишува „Nature“.

Тоа беше во март, а до јули Бен и нејзините соработници изработиле план како да им помогнат на луѓето во Гвинеја-Бисао и да им ги дадат неопходните податоци за маските. Тие поделиле илјадници маски од ткаенина од домашно производство, во рамки на контролно истражување кое би можело да биде најголемо светско тестирање на ефикасноста на маските во борбата против ковид-19.

Маските се симбол на пандемијата при која се разболеа 35 милиони луѓе, а повеќе од еден милион луѓе починаа. Во болниците и другите здравствени институции користењето на маски несомнено го намалува преносот на вирусот. Но за различните маски кои се користат во јавноста, податоците се измешани, неизедначени и често собрани набрзина, а на тоа треба да се додаде и поделениот политички дискурс, односно американскиот претседател ја намалуваше важноста на употребата на маски само неколку дена пред да му биде дијагностициран ковид-19.

epa08716544 US President Donald J. Trump walks to the South Lawn of the White House before boarding Marine One in Washington, DC, USA, on 02 October 2020. Trump will be taken to Walter Reed National Military Medical Center to be treated for Covid-19, the White House said. EPA-EFE/Sarah Silbiger / POOL

„Луѓето кои гледаат докази ги процесираат на различни начини. Тоа е збунувачки“, вели Барух Фишхоф, психилог на универзитетот во Питсбург.

Да бидеме јасни, науката ја поддржува употребата на маски, а неодамнешните студии посочуваат дека животите можат да бидат спасени на различни начини. Истражувањата покажуваат дека тие ја намалуваат шансата за пренос и зараза, а некои студии наговестуваат дека маските можат да го намалат и нивото на инфекција ако луѓето се заразат. Но комплицирано е да се покаже колку добро маските функционираат или кога треба да се користат.

Тешко е да се одговори и на прашањето какви би требало да бидат студиите кои ќе прикажат дефинитивен доказ дека маските се ефективни.

„Колку добри би требало да бидат доказите? Тоа е клучното прашање“, вели Фишхоф за „Nature“.

На почетокот на пандемијата, на медицинските експерти им недостасуваа добри докази за тоа како се шири вирусот и не знаеја доволно за да дадат силни и еднакви пораки за носењето на маски.

Стандардната маска која се користи во здравствените институции е Н95, која е дизајнирана да го штити оној кој ја носи маската од 95 отсто од честичките во воздухот со големина на 0,3 микрометри и поголеми. Како што пандемијата земаше замав, така се појави и недостиг на тие маски. Тоа го поттикна сега спорното прашање за тоа дали треба граѓаните да носат основни хируршки маски или платнени маски. Ако одговорот е да, тогаш под кои услови?

„Овие прашања обично ги решаваме во клиничките испитувања, но за тоа едноставно немавме време“, вели Кејт Грабовски, епидемиолог за заразни болести на Медицинскиот факултет Џон Хопкинс во Балтимор во американската сојузна држава Мериленд.

Затоа, научниците се потпреле на набљудувачки и лабораториски студии, како и на индиректни докази од други заразни болести.

„Ако погледнете само една студија, нема да го пронајдете одговорот, но кога ќе ги земете сите заедно, уверена сум дека маските функционираат“, вели Грабовски.

Довербата во маските порасна кога се појави вест за двајцата фризери во Мисури кои биле позитивни на ковид-19. Двајцата носеле двослојна памучна маска или хируршка маска за време на работата. Иако се заразиле од членови на својата фамилија, изгледа дека нивните клиенти биле поштедени (наводно половина од нив одбиле бесплатен тест).

Други докази за ефикасноста на маските дојдоа од масовните собири. На протестите на „Црните животи се важни“ во американските градови, повеќето учесници носеа маски. Тие настани не предизвикаа големо зголемување на заразени случаи, но вирусот се прошири во летен камп за деца во сојузната држава Џорџија, каде децата не морале да носат маски.

Протести по пресудата за смртта на Бриана Тејлор / 24 септември, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / Фото: PA-EFE/Kyle Grillot

Треба сепак да се додаде дека протестите беа на отворено, каде ризикот од ширење на ковид-19 е помал, а децата делеле кабини. Исто така, бидејќи многу луѓе останаа во своите домови за време на протестите, преносот на вирусот беше ограничен.

Сепак, построгите анализи дадоа подиректни докази. Една студија објавена претходно, која не поминала експертска рецензија, покажа дека неделниот пораст на смртност по жители бил четири пати помал на местата каде маските биле норма или барем препорачани од страна на државната власт, во споредба со другите региони. Истражувачите ги прегледале податоците од 200 земји, вклучувајќи ја и Монголија, која воведе маски и набргу немаше повеќе смртни случаи поврзани со ковид-19.

„Не треба премногу да се занимаваш со математика за да се каже дека ова е добра идеја“, рекол за „Nature“ научникот од Калифорнискиот Универзитет во Сан Франциско, Џереми Хауард, кој правеше рецензија за носењето на маски во студијата.

Меѓутоа, такви студии се потпираат на претпоставката дека постои задолжителна обврска на носење маски и дека луѓето ги носат правилно. Понатаму, употребата на маски често зависи и од други променливи, како ограничување на собири. Кога рестрикциите се укинуваат, понатамошните студии би можеле да го одвојат ефектот на маските од ефектот на другите мерки, смета Грабовски, нагласувајќи дека тогаш би можело полесно да биде проценето што е ефикасно.

Иако научниците не можат да контролираат многу конфузни варијабли во човечката популација, тоа сепак е можно во студиите на животни. Истражувачка екипа под водство на микробиологот Квок-Јунг Јуен од Универзитетот во Хонгконг постави здрави и заразени морски прасиња во соседни кафези, а на некои од животните им биле ставени хируршки маски.

Без маски, околу две третини од здравите животни се заразиле со ковид-19, покажала студијата. Истовремено, заразени биле само 25 отсто од животните кои биле заштитени со маска, а оние кои се заразиле биле помалку болни од соседите кои не ги штитела маската (тоа било мерено преку клиничките резултати и промените на ткивата).

Profimedia

Овие откритија покажуваат оправдување за зголемениот консензус околу тоа дека маските ги штитат тие што ги носат, како и другите луѓе. „Маските можат да ве заштитат не само од инфекции, туку и од потешки болести“, вели Моника Ганди, инфектиолог на Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.

Ганди е коавтор на студијата која сугерира дека маските ја намалуваат дозата на вирус која ја примаат оние кои ја носат, што предизвикува поблага или дури и асимптоматска инфекција. Поголемите вирални дози резултираат со агресивна реакција на воспалување. Ганди и нејзините колеги моментално ја анализираат стапката на хоспитализација со ковид-19, пред и по задолжително воведување на маските во 1.000 американски окрузи, за да видат дали тежината на болеста опаднала откако биле прогласени јавни насоки околу маските.

Дека изложеноста на поголеми количини на вирусот носи до потешка инфекција смета и Пол Дигард, виролог на Универзитетот во Единбург во Велика Британија, кој не бил вклучен во истражувањето: „Тоа е уште еден аргумент за маските“. Ганди укажува на уште една можна корист – ако повеќе луѓе добијат благи симптоми, тоа би можело да помогне во засилувањето на имунитетот на ниво на целата популација, без зголемување на бројот на тешко заболени и смртни случаи.

The post Угледното научно списание открива: Дали маските се корисни во борбата против коронавирусот? appeared first on Слободен печат.


Угледното научно списание открива: Дали маските се корисни во борбата против коронавирусот? was first posted on октомври 11, 2020 at 11:40 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....